Вода во белите дробови на Хјустон откриена со аутопсијата

Вода во белите дробови е откриена при аутопсијата на американската пејачка Витни Хјустон, пренесоа светските агенции, цитирајќи интернет издание.

Сајтот за светски вести TMZ се повикува на сопствени извори во полицијата во Беверли хилс.

Откривањето на вода во белите дробови на Витни Хјустон доаѓа како поткрепа на тезата дека пејачката се удавила во када во својата хотелска соба, во која беше најдена мртва во саботата попладне, забележуваат агенциите.

Ако човек биде потопен во вода по својата смрт во белите дробови нема да влезе вода.
Определувањето на точното количество вода во белите дробови на Витни Хјустон може да се покаже од решавачко значење за утврдувањето на точната причина за нејзината смрт.

Судските доктори соопштија дека нема да даваат никакви резултати од аутопсијата на Витни Хјустон по барање на полициските детективи, кои го истражуваат случајот, пренесоа претходно американските медиуми.

Засега полицијата се воздржува да дава конечни заклучоци дали пејачката била жива во моментот на нејзиното потопување под вода.

Ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, беше отпуштена од болница во Лос Анџелес, каде беше донесена со возило на брза помош утрината, откако нејзината мајка почина, пренесоа американските медиуми, кои се повикуваат на извор близок до семејството.

Боби Кристина (18) претрпела нервен слом при дознавање на трагичната вест.
Таа беше однесена од хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, каде Витни Хјустон беше најдена мртва.

Тинејџеката вчера имала жестока кавга со полицајците, кои одбиле да ја пуштат до телото на нејзината мајка.
Боби Кристина Браун е дете на Витни Хјустон од нејзиниот брак со пејачот Боби Браун. Во последните денови таа ја придружи мајка си на неколку настани пред врачувањето на наградите Grammy.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби