Според британскиот Now магазин актерката Анџелина Џоли е на екстремна диета со бобинки.
-Побара чинии со бобинки и тоа беше сè што јадеше тој ден , иако на располагање имаше шведска маса. Рече дека е премногу зафатена со децата што заборава да јаде, а кога го прави тоа сака целото овошје и зеленчук да и биде од органско потекло, открива близок извор за магазинот.
Актерката веќе некое време изгледа мошне слабо, и пријателите веќе се шегуваат на сметка на нејзиниот изглед. Сепак, изговорот на Анџелина е дека сè се должи на напорниот животен стил.