Анџелина се расплака на премиерата на својот филм

Режисерското деби на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли „Во земјата на крв и мед“ синоќа премиерно беше претставено пред многубројната публика во сараевската сала „Зетра“, соопшти „Блиц“.

Анџелина на премиерата се расплака и кажа колку многу за неа значи тоа што таа се оддржува во Сараево.
Во придружба на својот сопруг Бред Пит, Анџелина мина по црвениот килим, на кој љубезно позираше пред фоторепортерите и делеше автограми на фановите.
Непосредно пред премиерата таа ја поздрави публиката на јазикот на домаќините, поради што беше поздравена со големи овации.

Пред почетокот на проекцијата Џоли се обрати кон публиката и се расплака пред полната сала.

-Ви благодарам на сите тука присутни. Се надевам дека овој филм нема да ве потсети на вашите страдања, туку за тоа дека сте успеале да преживеете. Ја сакам Босна и ве сакам вас, изјави Џоли.
Таа кажа дека филмот го снимила за светот да го посети на тоа што се случило за време на војната во Босна, но и да претстави една толку прекрасна земја како Босна. На тоа публиката и возврати со бурни ракоплескања и овации.
Интересот за филмот беше голем, а пред почетокот на премиерата реонот околу сараевската сала „Зетра“ беше блокиран.

На премиерата на филмот присуствуваа многу официјални лица, како претседателот на босанското претседателство Жељко Комшиќ, премиерот на Хрватско-муслиманската федерација Нермин Никшиќ, претседателот на Федерацијата Живко Будимир. На премиерата присуствуваа и странски дипломати, како шефот на делегацијата на ЕУ во Босна Петер Соренсен, високиот претставник во Босна Валентин Инцко, амбасадорот на САД Патрик Мун и амбасадорот на Велока Британија Нејџел Кејси. Во полната олимписка сала на премиерата беа и лидерот на Партијата за демократска акција Сулејман Тихиќ, претседателот на Социјалдемократската партија Златко Лагумџија и лидерот на Исламската заедница во Босна Мустафа Цериќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби