Витни беше лезбејка!

Прашината која што се крена по ненадејната смрт на Витни Хјустон се уште не стивнува. По објавените информации дека умрела од лоша комбинација на алкохол и седативи, како и дека нејзината ќерка посакала да се самоубие веднаш по нејзината смрт, следува уште еден шок.

Peter Tatchell, инаку активист за правата на хомосексуалците одговорно тврди дека популарната пејачка свесно се убивала со дрога и алкохол бидејќи повеќе не можела да издржи во сопствената кожа. Зошто? Бидејќи со години била лезбејка.

Гласините дека Хјустон била во врска со својата поранешна асистентка се приказна која никогаш не беше потврдена. Сепак, по нејзината смрт, некои од нејзините пријатели откриваат дека станувало збор за вистинска приказна.

-Витни беше најсреќна за време на нејзиниот врв во 80-тите кога беше со својата партнерка. Беа толку вљубени и среќни заедно. Можеби нејзината неспособност да ја прифати и изрази истополовата љубов придонесе кон тоа да се дрогира. И извршија притисок за бракот со Боби Браун. Беше катастрофа. Нејзиниот живот веднаш потоа започна да се распаѓа, изјавува Tatchell.

Тој не го открива идентитетот на жената со која Хјустон била во врска, но други извори тврдат дека тоа е Робин Крафорд, која по смртта на пејачката напиша емоционална посвета, подоцна објавена во еден американски магазин.

-За прв пат ја запознав Витни кога имав 16 години и веднаш знаев дека е посебна. Витни позираше, имаше кожа како праска и не изгледаше како никој што претходно сум го запознала во Њу Џерси. Не ми се верува дека повеќе нема да ја прегрнам или да и ја слушнам насмевката, пишува Робин.

Уште поинтересно во целата приказна е тоа што сестрата на Боби Браун, Тина Браун и поранешниот телохранител на Витни, Кевин Амонс ја потврдуваат гласината дека пејачката сакала жени.

Амонс во својата книга пишува дека Робин и удрила шлаканица на Хјустон откако ја видела како флертува со мажи и била прилично бесна кога Витни се верила со Браун.

И самиот Боби Браун бил убеден дека неговиот брак е само една голема фарса, па токму затоа има изјавено дека истиот бил осуден на пропаст уште на самиот почеток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби