Боби Браун непожелен на погребот на Витни Хјустон

Боби Браун најверојатно нема да присуствува во сабота на погребот на својата поранешна сопруга Витни Хјустон.

Неколку членови на семејството на неодамна починатата пејачка изјавиле дека не сакаат да го видат на погребот.

Браун планирал да дојде за да биде покрај ќерка му Боби Кристина, но од семејството Хјустон му е порачано дека ни најмалку не е добродојден.

Во семејството Хјустон го сметаат одговорен за долгогодишните проблеми на Витни со дрогата и алкохолот, па затоа не го сакаат неговото присуство на погребот.

Браун сепак се надева дека Хјустонови ќе ги стават на страна своите несогласувања со него за еден ден и ќе му дозволат да дојде.

Витни Хјустон и Боби Браун се запознале во 1990 година, а се венчаа две години подоцна. Заедно ја имаат 18-годишната ќерка Боби Кристина.

Се разведоа во 2007 година со голем број меѓусебни обвинувања за насилство и употреба на дрога и алкохол, со кои го полнеа таблоидите. И покрај неславниот крај на нивната врска, Витни и Боби останаа во добри односи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби