Анџелина Џоли изјави дека понекогаш заборава дека мајка и е мртва и би сакала да зборува со неа за своите деца.
Мајката на Џоли - Машелин Бертран, почина во јануари 2007 година.
- Понекогаш заборавам дека повеќе ја нема. Замислувам дека уште е жива и дека разговарам со неа за нејзините 6 внуци - моите деца. Ужасно многу сакам да можев да и раскажам за успесите и за загриженоста на Мадокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, вели Џоли.
Машелин Бертран - актерка и продуцент - умре од рак на 56-годишна возраст.