Цеца излезе на слобода низ тајна врата

Иако сите мислеа дека на првиот ден од слободата победнички ќе излезе од дома и ќе прослави со фановите кои ја чекаа пред куќата, српската пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, го стори токму спротивното.

Првиот ден од нејзината слобода по осуммесечниот притвор го одбележа вистинска мистерија. Ниту една од новинарските екипи што вчера биле пред домот на Цеца не приметиле кога и како таа излегла, а се вратила во куќата после 16 часот, пишува српски “Курир“.

Цеца, на која Управата за извршување санцкии вчера околу 8,30 часот и’ ја извади електронската нараквица, се појави на прозор околу 13 часот за да ги поздрави десетината собрани фанови, пишува “Курир“. Таа се појави со синот на нејзината сестра, а две минути подоцна го затвори прозорот и повеќе не се појави.

Како што дознава “Пулс“, Цеца за неколку денови ќе ја напушти Србија и ќе отпатува во Аја Напа на Кипар каде има куќа во која живеат нејзините деца Вељко и Анастасија.

“Цеца е пресреќна, не може да ги скрие емоциите заради тоа што конечно ќе може да излезе од дома и да живее нормален живот. Дури и заплака кога и’ ја симнуваа нараквицата. Таа извесно време нема јавно да се експонира, и се’ до првиот настап, планиран за 24-ти март, ќе одмора во својата куќа на Кипар и ќе ужива со децата Анастасија и Вељко“, рекол извор близок до пејачката за “Пулс“.

Пејачката вчера на “Твитер“ потврдила дека ќе им се посвети на семејството и на кариерата.

“Добро утро! Овој ден е убав сам по себе. Драги мои, по повод мојата слобода нема да правам забава, а изјави не сум давала и нема да давам. Време е да им се посветам на семејството, кариерата и на публиката! Единствено тоа ме интересира и ме усреќува. Без зборови сум заради моите фанови кои донесоа огромен транспарент пред мојата куќа“, напишала Цеца на оваа социјална мрежа.

Фолк пејачката беше осудена на осум месеци домашен притвор заради присвојување пари од продажба на десет фудбалери од “Обилиќ“ на странски клубови, како и заради незаконско поседување оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби