Мрачни тајни на славните

Како и сите останати, и славните имаат свои тајни и тешки животни моменти, но за разлика од нас, ретко кога успеваат да ги скријат од будното око на јавноста.

Актерка Шарлиз Терон израснала на фарма во близина на Јоханесбург, каде што живеела со својот татко Чарлс и мајка Герда. Во летото од 1991-та година, кога Шарлиз имала 15 години, била сведок на убиство. Нејзината мајка го застрелала нејзиниот татко во самоодбрана. Актерката во 2004-та го спомена овој инцидент во интервју и оттогаш не говори за тоа.

Таткото на Вуди Харленсон, Чарлс, бил платен убиец. Откако излегол од затвор поради едно убиство, бил осуден на доживотен затвор поради друго убиство. Чарлс го убил федералниот судија Џон Х.Вуд. Чарлс умрел во затвор во 2008-та, а Вуди подоцна во едно интервју откри дека тие имале добар однос, со оглед на околностите.

Родителите на Мараја Кери се развеле кога таа имала 3 години. Таа и нејзиниот брат заминале да живеат со мајка и, а нејзината сестра Алисон останала да живее со татко и. Мараја со време го изгубила контактот со татко си, но и со Алисон, која потоа станала зависничка од тешки дроги и ескорт девојка. Откатко Алисон родила, следела битка за детето, а Мараја се ангажирала со цел детето да и биде одземено на мајката зависник.

Иако за таткото на Линдзи Лохан се знае скоро сè, малку е познат фактот дека тој има уште една ќерка со друга жена, откако во 2012-та бил подложен на тест за утврдување на татковството. Мајкл го признал девојчето Ешли и наводно и ветил помош доколку влезе во забавната индустрија. Иако тајните на Лохан често се изнесуваа во медиумите, како секс листата на Линдзи со познатите личности, актерката скоро никогаш не збори за својата полусестра, ниту пак сака да ја запознае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби