Имал женет дечко од Србија и крадел облека од мајка му?!

Победникот на овогодинешниот Евросонг бил исмејуван од сограѓаните, но неговите родители сето тоа стоечки го поднеле бидејќи среќата на нивниот син секогаш била на прво место.

Не можев да живеам повеќе во лаги. Во очи на својот 18-ти роденден на родителите им кажав дека сакам мажи. Ги преживеав сите осуди бидејќи имам челични нерви и тврда кожа, вели Томас Нојвирт (25).

Австриецот, кој денеска пее во женска облека и со густа брада под уметничкото име Кончита Вурст, додава дека никогаш не би успеал без поддршката од родителите.

- Mad Mitterndorf е мало село, сите се знаат и се оговара многу повеќе отколку во град. Ме навредуваат кога ќе излезев од дома поради сексуалната ориентација на мојот син, но се стоечки поднесов бидејќи неговата среќа ми е на прво мести, вели мајката Хелга (52).

Со цел да и се оддолжи за се што таа направила за него, Томас пред Евросонгот во Данска го истетовира нејзиниот лик на грбот. Иако никогаш не сакала трајно сликање на телото, Хелга веднаш се препознала на телото на синот и се воодушевила.

- Ако мајка ми можела да ме раѓа повеќе од 12 часа, моите четири часа боцкање со игла се ситница, се шегува Кончита.

Победникот на Евросонг, кој во телевизискиот пренос го гледале 170 милиони луѓе, пред три години изгледал како обичен дечко од соседството. Имал младешка фризура и пеел во бој бендот Jetzt Anders! Косата и брадата ги пуштил кон крајот на 2011-та кога и започнал да носи вештачки трепки и да се шминка.

- Кога ќе се облечам како девојка, постојано се „лицкам“, одам во женски тоалет и позајмувам сјај за усни од другите девојки. Како дечко сум многу помрзлив и многу не се заморувам за изгледот, како и останатите мажи, се смее Томас и додава дека уште во градинка започнал да ја краде облеката на мајка му и да глуми дека е довојче.

- Најсигурно се чувствував во поткровјето бидејќи таму никој не ме гледаше и осудуваше, вели пејачот.

Кончита минатата година се појавил во некој познат хотел во Виена, каде имало многу гости од Хрватска.

- Тој обожава женски песни, шминка, женска облека и накит. Ги копира жените од Балканот бидејќи се најубави, додека за Австријките вели дека воопшто немаат стил, откриваат Хрватите.

Кога сме кај Балканот, српскиот пејач Даниел Ѓуриѓ, кој живеел во Виена и е познат пријател на победникот на Евросонг, откри дека Кончита била во врска со есен српски оженет пејач, кој на крајот ја прекинал романсата од страв дека ќе му се уништи кариерата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби