Сопругата на Ноле открива тајни од животот

Една од жените кои во последно време најмногу ги интригира медиумите на Балканот е Јелена Ристиќ (28), донеодамна девојка, а сега сопруга на првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ (27). Токму тој приватен аспект од нејзиниот живот е причина поради која таа е  константно во фокус на јавноста.

Кога Новак започна да напредува на АТП листата, сите започнаа да се распрашуваат за симпатичната русокоса која го бодри на сите важни турнири. Со имиџ на девојка од соседството која е неоптоварена со гламурозните детали, ги собра симпатиите на целата нација.

- Не се менувам поради ништо, бидејќи јас сум ова. Новак ме сака поради тоа што сум, вели таа за српските медуми.

Сепак, нејзината приказна со славниот спортист започна долго пред тој да станe херој на Балканот и најдобар играч на АТП листата. Тие се сретнале пред девет и пол години, а ги спои љубовта кон тенисот. И таа, како и Ноле, во детството се занимавала со овој спорт, но покасно се преорентирала на атлетика со цел да добие спортска стипендија и своето образование го продолжила во странство.

- Тренирав тенис во основно училиште, па и од таму датира моето пријателство со Новак, кое продолжи кога јас се преорентирав кон атлетиката. Сестра ми и јас сакавме да одиме во странство, а еден од начините да го оствариме тоа беше да добиеме спортска стипендија бидејќи не сакавме да ги оптоваруваме родителите со такви големи трошоци. На крај сепак, нам не ни доделија спортска туку академска стипендија. Сестра ми отиде прва и тоа за мене претставуваше голем шок бидејќи бев многу приврзана за неа. Тоа не се промени, а животот нас за среќа не спои повторно и сега работиме заедно. На мојата мајка тоа и беше страшно. Таа и ден-денес не следи на аеродром, само не пречекува, раскажа Јелена гостувајќи во емисијата ТВ Лица.

Тоа воедно беше и една од малкубројните шанси во кои директорката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ одлучила да открие непознати детали од својот живот.

Иако многу се шпекулираше, од тоа дека таа е ќерка на некој сопственик на странска компанија до приказната дека татко и е влијателен дипломат, но на крај се испостави дека нејзината судбина е слична на онаа која ја делат повеќето деца кои потекнуваат од некогашниот среден слој. Колку ја делела судбината на сите граѓани на Србија, сведочи и фактот дека за време на деведесеттите на улица и ги украле патиките.

- Навистина се вратив дома боса. Тогаш имав своја симпатија и тој ме носеше на рамена за да не се извалкам. Одев на базенот 25-ти мај и тоа се случи на враќање, изјави таа.

Она што скоро е неверојатно е што за време на студиите во Милано, со цел да си го олесни животот, работела дури и во спортска обложувалница како шанкерка. Тоа и сметало поради задимената атмосфера, но поради крајната цел која себеси си ја зацртала, таа успеала сè да издржи.

- Не се задржав долго во обложувалницата и потоа бев промотерка на некои настани. Работев доста и не ми беше тешко, сè е тоа за луѓе. Имам родители кои ми дадоа крилја да полетам и повеќе од што беше дозволено во она време на војна и економски проблеми. Татко ми и мајка ми се моите два ангели чувари, како и мојата сестра, раскажува таа гордо.

Тие кои ја познаваат велат дека таа е голем пожртвуван работник, а како раководител е блага кон своите вработени, но и истрајна во реализирање на различните проекти.

Новопечената госпоѓа Ѓоковиќ открива дека во детството била како момче и дека не сакала да си игра со барбики.

- Постојано околу мене беа малите автомобили и спортските реквизити. Како растев така станував се поамбициозна па поради тоа некогаш потешко се вклопував во друштвото. Сега сум сосема нормална, сакам да се возам со тролејбус низ Белград како секој обичен граѓанин, да уживам во мојот град, кога Ноле е тука и не е на некој турнир, шетаме заедно, а кога тој е во странство и јас не сум со него, тогаш шетам низ Белград сама или со пријателите, велите таа.

Јелена се осврна и кон моментот да се биде девојка на Новак Ѓоковиќ.

- Во принцип не сум чувствувала потреба да излегувам од некои рамки на мојата улога како девојка на Ноле. Ниту сега чувствувам потреба и навистина уживам во животот кој го имам, но не сакам да се фалам и на цел глас да викам дека сум пресреќна. Во свој стил често умее да истакне Јелена.

Она што по венчавката секако и е приоритет е доаѓањето на бебето, а во јавноста сè уште не е обелоденето дали семејството Ѓоковиќ ќе добијат син или ќерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби