Холивуд: Актери кои завршија во брак со свои обожаватели

Некои обожаватели на холивудските ѕвезди се далеку посреќни од останатите! Нивниот животен сон се претворил во реалност со стапувањето во брак со познатите, за кои претходно само мечтаеле.

Еве ги нивните бајковити животни стории:

Џесика Алба



Убавата актерка го запозна помошниот продуцент Кеш Ворен за време на снимањето на филмот Fantastic Four во 2004-та година. Кеш и’ признал дека е нејзин огромен обожавател.

Тие веднаш се поврзале, а врската ја крунисале со брак четири години потоа. Сега се благословени со две деца.

Џон Траволта

Траволта ја оженил својата долгогодишна обожавателка Кели Престон. Таа вели дека во тинејџерските години едноставно знаела дека ќе биде со него.



- Го видов постерот за Брилијантин кога имав 16 години. Веднаш знаев дека тоа е човекот за кој ќе се омажам, открива Кели.

13 години подоцна нејзината животна желба се остварила, а сега парот има три деца.



Џулија Робертс

Во својата љубовна историја Џулија имала неколку славни имиња, како што се Метју Пери и Лијам Нисон. Но, во 2000-та година таа се запознала со камерманот Даниел Модер, кој тогаш бил оженет.

Даниел бил нејзин огромен обожавател, па кога ја запознал маестралната актерка, тој се развел од неговата тогашна сопруга. Две години подоцна, Џулија и Даниел се венчаа и сега нивното семејство брои две деца.



Николас Кејџ

Актерот излегувал со многу негови колешки, но во 2004-та тој ја запознал келнерката Алис Ким, која била негов долгогодишен обожавател.

Таа му побарала автограм, а тој наместо тоа, и’ го оставил неговиот телефонски број. Николас и Алис се венчале истата година, а веќе следната Алис го носела нивното прво дете.



Мет Дејмон

За време на снимањето на филмот „Stuck on you“ во Мајами во 2003-та година, Дејмон ја запознал келнерката Лусијана Бозан.

За да избега од обожавателите, тој влегол во барот во кој таа работела, само за да сфати дека завршил покрај неговата најголема обожавателка. Парот веднаш се зближил, а се венчаа две години подоцна. Денес тие имаат три деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби