Без срам ги издадоа дека се ужасни во кревет

Славните личности со сите сили се обидуваат да го сокријат својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но многу ретко успеваат во тоа. Тоа е така особено кога на сцена ќе настапат луѓето со кои тие биле интимно блиски.

Овие ѕвезди се најдоа на удар на нивните поранешни љубовници, кои јавно ги прогласија за лоши играчи под чаршафите.

Хју Хефнер

Познатиот „татко“ на Playboy зајачиците живее во вистински рај на земјата. Забавите кои ги организира во неговата вила со еден куп убави жени се неостварена желба на секој маж.



Но, изгледа дека неговиот сексуален живот сепак не бил како на порно филм. Имено, една од неговите зајачици, Кристал Харис, девојката со кој Хефнер беше верен, не пропушти да пропее интересни детали за сексуалниот живот со познатиот плејбој.


Хју и Кристал

Имено, Кристал воопшто не била задоволна од сексуалните способности на Хефнер, па во едно интервју признала дека сексот им траел само две секунди, како и тоа дека ретко биле интимни. Исто така, таа открила дека Хју е несигурен со своето тело па заради тоа никогаш не ни се соблекувал.

Никогаш не сум го видела гол, открила Кристал.

Парис Хилтон

Ник Картер, поранешниот член на бендот Backstreet Boys, кратко време беше во врска со Парис Хилтон, а во една прилика откри дека бил многу разочаран од неа во креветот.



- Постојано беше пијана и колку што можев да забележам, воопшто не го сакаше сексот. Се потпираше на дрогата и алкохолот за да си ја подигне самодовербата, а често беше толку „убиена“ што не можеше ништо да прави, открива Ник.


Парис и Ник

Тој не е единствениот кој го коментирал лошиот перформанс на Хилтон во спалната соба. Според многумина кои ја изгледале незјината приватна снимка, таа изгледала незаинтересирано и „кутро“.

Анџелина Џоли

Џоли отсекогаш била прогласувана за најубава жена на светот, но Били Боб Тортон, нејзин поранешен партнер, дал непријатна изјава:

- Понекогаш, дури и со манекенките и актерките кои важат за најсекси личности на светот, може да биде како да еб*ш кауч.


Анџелина и Били

Исто така, актерот во друга прилика рекол и дека Џоли е многу досадна, што е тешко да се поверува, со оглед на нејзината позната љубов кон ножевите, ланците и камшиците.

Чарли Шин

Иако е познат како еден од најголемите женкари, Чарли Шин наводно е мошне себичен љубовник. Барем така тврди неговата поранешна сопруга, Дениз Ричардс.


Дениз и Чарли

Имено, таа вели дека Чарли секогаш бил сосредоточен на тоа да ги задоволи своите потреби, додека нејзините ги занемарувал, како и дека за време на сексот тој гледал порно филмови.

Но, Чарли имал авантури и ѕвезди од токму таквите филмови, а некои од нив тврдат дека тој е одличен љубовник.

Расел Бренд

Самиот Расел Бренд, во своите „диви денови“, се фалеше за бројните афери со славните жени и лудите сексуални авантури. Но, една од неговите партнерки, Џорџина Бејли, изјавила дека Бренд бил тотално разочарување во креветот.


Џорџина и Расел

За време на нивниот секс, тој извикувал „Qué?“, по што е познат дедото на Џорџина, актерот Ендру Сеч, кој игра во серијата Fawlty Towers.

Таа тоа го открила за да му се одмазди за тоа што Расел во една радио емисија која оди во живо, го повикал нејзиниот дедо и му открил дека имал секс со Џорџина.

Тајгер Вудс

Ни славниот спортист, кој на јавноста добро и е познат по безбројните вонбрачни афери, не успевал да ги исполни високите очекувања на неговите љубовници.


Џејми и Тајгер

24-годишната келнерка, Џејми Грубс, со која тој се гледал две години, за The Sun изјавила дека Тајгер бил грозен во креветот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби