Баба Неда хистерична: Некој ме мести!

Српската пејачка, Неда Украден, направила скандал за време на снимањето на шоуто „Tvoje lice zvuci poznato“, откако на тастерот повторно извлекла маж за имитација. Незадоволна од тоа што нема да биде жена, започнала да се расправа со продукцијата дека некој намерно и ги мести машките улоги.

-На Неда не и беше драго кога го доби првиот машки лик, но некако ја проголта кнедлата. Потоа следеше ладен туш кога ја доби имитацијата на Бора Чорба. Иако негодуваше во гардеробата и пред продукцијата, преостанатите колеги ја тешеа велејќи и дека е уметник и дека ќе го изведе тоа како што треба. Сепак, кога и за следната емисија доби маж за имитација, пејачката одвај се воздржи да не направи хаос! Мислам дека се воздржа поради публиката за да не направи скандал, вели извор од продукцијата на проектот.

Според истиот извор пејачката плачела и им се жалела на преостанатите натпреварувачи дека некој намерно и ги мести имитациите на мажи бидејќи знае дека тоа ја нервира.

-Што ми требаше ова! Кој ѓавол ме натера да го прифатам ова и да дозволам секој да ме гази и нервира, наводно рекла Украден.

Со цел да ја смират целата ситуација од продукцијата биле принудени на снимањето да ги повикаат нејзините внуки кои некако успеале да и го подобрат расположението на видно вознемирената пејачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби