Проклетството на Кардашијан: Мажи предодредени на пропаст

Жените од семејството Кардашијан имаат сè што ќе посакаат, но кога станува збор за мажите кои се или биле дел од познато семејство нештата воопшто не се розови.

Почнувајќи од најмалиот брат на Ким, Клои и Кортни, Роберт, па се сè до Брус Џенер и партнерите на сестрите, изгледа дека секој маж случајнo или не завршува несреќно.

Роберт Кардашијан

Најмладиот член на кланот со години се обидува да излезе од сенката на своите сестри. Сакајќи да се оттргне од семејството Роберт создаде сопствена линија на чорапи. Сепак, борбата со депресијата и прекумерната тежина си го направија своето, па денес потполно се дистанцира како од јавноста така и од своите сестри.

Брус Џенер

По смртта на стариот Роберт Кардашијан, главата на семејството Кардашијан Крис се омажи со Брус Џенер. По долги години брак, парот на крајот реши да разведе. Денес Брус се повеќе личи на жена. Направи операција на адамовото јаболко, постојано се подложува на лифтинг на лицето и ги лакира ноктите.

Скот Дисик

Кортни Кардашијан наскоро ќе го роди третото дете со Скот. Иако со години се заедно, таа постојано ја одбива неговата понуда за брак, а тој неодамна заврши во болница поради зависност од алкохол. Според последните информации двојката со години спие во различни спални и има сериозни недоразбирања.

Ламар Одом



Познатиот кошаркар е во бракоразводна парница со Клои Кардашијан. Нивната разделба следеше по скандалите кои настанаа поради неговата злоупотреба на дрога и алкохол. Тој одбива да ги потпише документите за развод надевајќи се дека ќе ја врати, но таа веќе е во врска со друг маж.

Крис Хемфрис

Уште еден кошаркар кој беше заплеткан во мрежата на Кардашијан, но овој пат во рацете на вештата Ким. Таа успешно му ја продаде приказната дека е лудо вљубена во него, за да го откачи по точно 72 дена од кога стапија во брак. За да биде уште потрагично, Хемфрис дозна за разводот од медиумите, а КК се обиде да си ја наметне улогата на жртва. Крис се обидуваше да докаже дека нивниот брак бил измама, но откако Ким остана бремена со Каније се откажа од својата намера и го даде долго посакуваниот развод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби