Човек со маани: Педофилијата е зад мене

Стивен Колинс со години беше еден од омилените телевизиски ликови благодарение на серијата „Седмо небо“ каде ја толкуваше улогата на свештеник и грижлив татко. Сепак, целиот добар имиџ кој го стекнуваше низ годините, преку ноќ падна во вода откако неговата поранешна сопруга откри дека Колинс во неколку наврати сексуално малтретирал деца.

По серијата обвинувања, актерот воопшто не се појави во јавноста, но даде изјава во која признава дека направил грешка. Деновиве тој повторно е актуелен во медиумите откако даде ексклузивно интервју во кое зборува за педофилијата.

-Пред 40 години направив нешто многу погрешно за кое длабоко жалам. Од тогаш до денес се каам за тоа, вели Колинс.

Запрашан дали некогаш имал чувство дека водел двоен живот, актерот одговара:

-Не бидејќи го оставив сето тоа зад себе. Јас сум човек со маани. Повеќето луѓе се скршени на некој начин и повеќето луѓе требаат, мораат или избираат да го сокријат тоа. Ова излезе...јас не сакав да излезе. Не сакав да се справувам со овие нешта јавно. Со нив се справив во својот приватен живот. Мислам дека сум човечко суштество со маани и направив сè што можам за да го сменам тоа.

Колинс изјави дека решил да зборува јавно за скандалот бидејќи сака луѓето да ја дознаат неговата страна на приказната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби