Што го уби Брус Ли: Кинеската Тријада или допирот на смртта?

Смртта на Брус Ли и по 40 години ја интригира јавноста. Постојат разни теории за тоа како умре мајсторот на боречките вештини. Тој почина на 32 годишна возраст. Во тој период малкумина поверуваа дека починал од отекување на мозокот поради лоша комбинација на лекови, па веднаш почнаа да кружат разни приказни како го убиле Тријадите, мафијата или некои мајстори на боречки вештини.



Почина веднаш по ручекот со продуцентот Рејмонд Чоу и тајванската актерка Бети Тингпеј. Тие го читале сценариото за филмот „Игра на смрт“ и преговарале за условите на филмот. Во еден момент Ли го заболела главата, па се напил некој лек во комбинација со аспирин и лекови за опуштање на мускулите.

Подоцна, обдукцијата покажала дека причината за смртта е отекување на мозокот, чиј волумен се зголемил од 1.400 на 1.575гр. Потоа се појавиле разни верзии за причината на неговата смрт.

Теорија 1 – Допир на смртта



Според тврдењата кои се појавиле во 1985 година во магазинот „Црн појас“, а и во некои филмови, Брус Ли починал поради повредата која му ја нанел некој од кунг-фу мајсторите.

Теорија 2 – Бесот на Тријадата појак и од легендата

Кинеската организациона криминална грипа позната под името Тријада, се поврзува со смртта на Брус Ли. Имено, уште кога тој имал 18 години, учествувал во една улична тепачка, при што претепал син на еден од најмоќните луѓе во оваа криминална група, па тоа било причината за неговото прибежиште во Америка.

Теорија 3 – Се спротивставил на мафијата



Поединци тврдат дека членовите на оваа криминална организација му понудиле на Брус мајстор на боречки вештини за да му биде заштитник и додатно да ја протурка неговата кариера, а за возврат да добие дел од парите. Секако, гордиот Ли не ни помисли да ја прифати нивната игра, па решиле да му покажат дека никој не треба да ги одбива.

Теорија 4 – Казна на кунг-фу мајсторите

Овие приказни довеле до теоријата дека претставнициве на кунг-фу заедницата стојат зад смртта на Ли. Само што не е јасен начинот на кој тоа го направиле. Едни тврдат дека го отруле, други дека го убиле со помош на некои „тајни“ удари, трети дека страдал од илегална борба...

Теорија 5 – Го отрула љубовницата



Медиумите најмногу ја помнат Бети Тингпеј по врската со Брус Ли. Токму таа му го дала лекот за главоболка, па поради тоа протекоа гласините дека токму Бети го убила својот љубовник.

Теорија 6 – Семејна клетва

Не е познато што ја предизвикало – едни велат дека актерот купил куќа полна со духови, други дека демонот бил љубоморен на неговата слава, а трети дека се работи за стара клетва.

Теорија 7 – Познатиот актер не е мртов

Уште од неговата смрт во 1973 година, постои теорија која ја следи смртта на сите познати личности – дека всушност Брус Ли не е мртов.

Ако не е починат, тој денес би имал 75 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби