Приватниот авион на холивудскиот актер, Харисон Форд (72), падна на голф терен во Лос Анџелес. Според првичните информации кои ги објави TMZ, Форд ја преживеал несреќата, но се има здобиено со сериозни повреди на главата.
Е Online пренесува дека веднаш е пренесен UCLA траума центарот и во моментов се наоѓа во критична состојба.
Се уште нема официјална информација околу тоа како се случила несреќата и што го предизвикало падот.
-Изгледаше како да се забавува и да ужива во глетката додека леташе покрај плажата. Дури забележав дека ги позиционира крилата на авионот за да може подобро да ја гледа плажата. Леташе наоколу долго време, вели очевидец на настанот.
Падот на Форд следува само неколку месеци откако беше повреден на сетот на Star Wars, кога се здоби со повреда на глуждот.