Ким открива што јаде за да изгледа толку добро

Без разлика дали сте поборници на големите задници или не, факт е дека Ким Кардашијан изгледа одлично. Но, тоа не е ни случајно, бидејќи таа признава дека од породувањето многу внимава на тоа што внесува и дека се труди напорно за да остане здрава и згодна.

Нејзиниот ден започнува во шест наутро, кога најчесто со нејзиниот сопруг одат на трчање.

- Живеам во предел каде што има многу патеки, на кои постојано трчам. Доколку не го правам тоа надвор, трчам на справа во домашната теретана. Моите вежби вкупно траат час и 15 минути. Трчам 35 минути, а потоа правам вежби за стомакот и за нозете, вели Ким.

Таа сето тоа го прави пред да се разбуди нејзината ќеркичка Норт. Што се однесува, пак, на исхраната, едно дневно мени на Ким изгледа вака:

Појадок

- Се трудам брзо да појадувам, пред да се разбуди Норт. Обично јадам омлет или протеински шејк со овошје. Канје сака да се исхранува здраво и секогаш е на поинаква диета. Тој има готвач кој доаѓа наутро и ни го подготвува појадокот, како и останатите оброци кој ќе ги јадеме во текот на денот. Почнавме да посетуваме нутриционист кој ни ја менува диетата на секои десет дена, објаснува таа.

Ручек

Ким најчесто руча околу 13 часот.

- Сакам готвач да ми го подготви ручекот бидејќи така е поздраво. Најчесто тоа е риба или пилешко со зеленчук.



Ужина

- Повторно огладнувам околу три и ми треба нешто за да преживеам. Обично земам путер од кикирики или путер од бадеми.

Вечера

Во светот на Кардашијан, вечерата се јаде околу 19 часот.

- Најчесто јадам зеленчук со риба или пилешко, како за ручек. Но, понекогаш ја прекршувам диетата. Сакам да не сакам коктели и десерти, се шали Ким.

Таа вели дека омилената работа и’ е ледениот чај.

- Пијам многу леден чај, но во последно време ја намалив количината. Бев многу зависна од тој напиток. Сега се трудам да пијам само по еден неделно. Инаку не пијам кафе, само кога сум премногу уморна од патување, по еднаш месечно. Се трудам да пијам вода колку што можам повеќе. Кога ќе добиете дете, сè што внесувате ќе мора да биде колку што е можно почисто. Сакам да и’ бидам пример на мојата ќерка и да бидам природна и здрава. Тоа е одлука која ја имаме донесено заедно со Канје, објаснува Кардашијан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби