Експлицитната Ланистер сцена снимена со дублерка

Серсеи Ланистер го доби заслуженото барем ако судиме според последната епизода од 5-та сезона на Game Of Thrones каде мораше да се соблече пополно гола и да шета пред разгневената толпа. Иако снимањето на една ваква сцена несомнено е предизвик за секоја актерка, Лена Хедеј (41) која го игра ликот на Ланистер изгледа дека сепак имала мала помош за сцената.

Според Entertainment Weekly за експлицитната сцена што е снимана во Дубровник е користена дублерка која заедно со Лена три дена го снимала секој одделен кадар. Потоа со помош на технологијата била создадена совршена сцена каде што на прв поглед не се забележуваат малите недостатоци при монтирањето.

Оние кои ја следат кариерата на Хедеј знаат дека актерката за време на снимањето во Дубровник беше во првите месеци од бременоста со своето второ дете. Освен тоа нејзиното тело е прекриено со тетоважи кои е потребно да бидат прекриени со шминка за да би можела да се појави како од мајка родена пред камерите.

-Мислам дека никој не заслужува таков третман. Таа е тепана, изгладнувана и понижувана, изјави Хедеј за својот лик и додаде дека најверојатно тоа нема да биде последното појавување на Ланистер бидејќи има уште неколку луѓе кои што треба да ги убие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...