Не сакам сопруг - не сакам да сум нечија сопственост

Наслов:
Far from the Madding Crowd

Режија:
Томас Винтенберг

Сценарио: Дејвид Николс

Улоги:
Кери Малиган, Матијас Шоернец, Мајкл Шин, Том Стуриџ, Џуно Темпл...

Жанр: романтична драма

Година на издавање:
2015-та



-Батшеба Евердин. Името отсекогаш ми звучело чудно. Не сакам кога го кажуваат на глас. Родителите починаа кога бев многу млада, па немам кого да го прашам од каде доаѓа тоа име. Се навикнав да сум оставена сама на себе. Некои велат, премногу навикната. Премногу независна.

Уште во првата реплика ни се претставува самата хероина, а веќе во втората сцена ни е прикажана и ситуацијата на Евердин (Кери Малиган) во руралниот Дорсет.



Бадшеба во Far from the Madding Crowd е независна, но тврдоглава млада жена, на која и се додворуваат 3 комплетно различни мажи. Работливиот фармер Габриел Оук (Матијас Шоенец), богатиот Вилијам Болдвуд (Мајкл Шин) и наредникот со скршено срце Френк Трој (Том Стуриџ).

По првото одбивање на понудата за брак од Оак, нештата ќе се променат за Батшиба. Од сиромашна слуѓинка по семејно наследство ќе стане имотна и богата, па ќе му понуди работна позиција на Оак на нејзината фарма. Но, со новиот статус во нејзиниот живот ќе пристигнат уште двајца мажи кои нема да бидат сите добронамерни и искрени како него. Еден од нив ќе се закани да биде нејзината пропаст, но дали таа ќе ја донесе вистинската одлука?



Far from the Madding Crowd е спор, тивок и визуелно прекрасен филм со одлични перформанси. Стилски доминантен, но со голема доза на мелодрама во развојот на дејствието. Дијалозите се доминантна форма на вербална експресија од страна на сценаристот Николс. Широките кадри на режисерот Винтенберг во претежно надворешниот сет само се разубавени со одличната кинематографија на Шарлот Брус Кристенсен. Двајцата прекрасно ја доловиле и пренеле убавината на идличниот пејсаж и го направиле гледање на филмот „визуелен празник за очите“.

Но, од актерите Кери Малиган е доминатната пред камерата. Со секој нареден филм таа само ја „остри“ формата на нејзиниот талент, а сега ја има можеби најдобрата форма во кариерата. Кери успева да го направи нејзиниот лик силен и самоуверен, дури и кога не е во сценариото. Таа е асполутно брилијатна во улогата на Батшеба, улога која пред речиси 50 години ја одигра маестралната Џули Кристи. Но, не само што фасцинира соло перфромансот одлична е и во вокалната изведба на Let No Man Steal Your Thyme (втора изведба на песна од Кери по улогата во Shame), но мајмногу ќе ја паметите хемијата со колегата Матијас Шоернец. Белгиецот е апсолутно прекрасен во улогата на Габриел Оук и навистина прави да ги сакате нивните заеднички сцени. Сакате да бидат што повеќе на број и должина. Тензијата меѓу Оук и Батшеба е опиплива и можете речиси да ја допрете, нешто што за жал не може да се каже за останатите двајца актери.

Мартин Шин и покрај неизмерниот талент ја добил недоволно развиената улога на богатиот Болдвуд. Том Стуриџ уште на стартот е погрешно одбран во улогата на наредникот Трој, а колатерална штета во филмот е присуството на прекрасната и талентирана Џуно Темпл која заслужува многу повеќе од улогата на збунетата Френи Робин. Вереница на Трој која по грешка дошла во погрешната црква на нивниот свадбен ден. Нејзината улога е речиси сведена на камео улога, на огромно разочарување на гледачите.
Презимето на ликот на Катнис Евердин од Hunger Games литературната франшиза како што можете да забележите е инспирирано од литературната хероина од 19-ти век. Храбра, независна и слободоумна која одбива да влезе во комфомистичкиот калап кој го налага општеството. Две слични а толку далечни хероини.

-Не сакам сопруг. Не сакам да сум нечија сопственост. Не би ми пречело да бидам невеста без да добијам сопруг, му вели таа на Оук.

По патот прави и грешки базирани на нејзината неспособност целосно да ги процени луѓето, а особено мажите, но тоа е тоа што ја прави уникатен лик. Мааните и способноста да извлече поуки од нив. Ако забалежите во сцената со болната овца, таа ќе си ја проголта гордоста и ќе се врати за да побара помош од единствениот човек кој ја сака.



-Сакам да ве заштитам... до крајот на животот.. и вели Болдвуд на Батшеба...

-Не сум толкав будала за да си замислам дека имам шанса... Еден ден ќе ве оставам. Можете да бидете сигурна во тоа, од друга страна пак и вели Габриел Оук.

Таа е таа лоша проценка. Различните видови на „заштита“ од различните видови на мажи во нејзиниот живот, имаат различни форми на експресија, но и многу различни форми на егзикуција. Проблемот е во прашањето дали Батшеба ќе го сфати тоа.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...