ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Rogue Nation: Очајните времиња бараат очајни мерки


Наслов:
Mission Impossible- Rogue Nation

Режија: Кристофер Меквејри

Сценарио:
Кристофер Меквејри

Улоги:
Том Круз, Ребека Фергусон, Сајмон Пег, Џереми Ренер, Алек Болдвин, Шон Харис...

Времетраење: 131 мин.

Година на издавање:
2015-та




Кажете што сакате за Том Круз и за неговата кариера. Да тој е ексцентрик. Да тој е скиентолог. Да тој е посебна „планета“ „светлосни години“ оддалечена од останатите во Холивуд, но сите фанови на MI ќе се согласат во едно. MI е „неговото бебе“ кое тој во изминативе 19 години го „израсна“ во тоа што е денес, секако имаше огромна помош, а оваа година Том ни го претстави Rogue Nation. 5-от дел од франшизата.



Во обид да докаже дека анти IMF агенцијата наречена „Синдикатот“ навистина постои, Итан Хант (Том Круз) ќе биде фатен и мачен токму од нив. Во меѓувреме директорот на ЦИА, Алан Ханли (Алек Болдвин) сака да ја растури IMF и да ја припои кон неговата агенција, а откако ќе успее во намерата, Итан и остатокот од неговиот тим официјално ќе станат барани екс агенти. На Итан ќе му биде потребно време да го пронајде главниот на Синдикатот, Соломон Лејн (Шон Харис), но мисијата ќе му ги спои патиштата и со мистериозната и опасна Илса Фауст (Ребека Рергусон).



Меквејри зад камерата и Круз пред неа ни го прикажаа можеби највозбудливиот и најдобриот MI филм до сега. Тоа што фасцинира во Rogue Nation (а што се должи најмногу на Меквејри) е што направи да бидеме фасцинирани од работите кои не ги очекуваме од франшизата во самата структура. За почеток дека Итан Хант не е бесмртен. Тој е се постар, а Меквејри таков го претствил. Го гледаме на работ на смртта, го гледаме физички поразен, а го гледаме и како добива удар повеќе во неговото тело.



Да признаам Том изгледа одлично за 53 години, но во исто време и реално за 53 години. Тука гледаме една поинаква страна од Итан Хант која до сега не ја видовме. Таа која ни докажува дека е всушност маверик, но маверик од „месо, коски и кожа“. Второ нешто кое не го очекувавме е женски лик кој е всушност само Итан Хант на високи потпетици. Да, претходните 4 дела имаа силни женски ликови, но ниту една од нив не може да се рамни со Илса Фауст (Ребека Фергусон). Однадвор и одвантре. Но, и покрај нејзината убавина и грациозност овој лик фасцинира со мистеријата која Меквери ја создал околу неа. Нејзиниот карактер е фасцинантен и вие сте на врвот на столчето до крајот за да откриете дали е „добрата“ или „злобната“. Дали е партнерот или предавникот на Итан, а искрено, се до самиот крај, таа е и двете. Го спасува Итан, па го става во стапица. Го фасцинира, па го разочарува. Ако не успеете да останете рамнодушни на нејзиниот двоен карактер, дефинитивно ќе бидете фасцинирани од перформансот на Фергусон, кој е маестрален.



Меквери со Rogue Nation се вратил на основите. На старите добри класици во кои тензијата, интригите од шпионажата и амбивалентните ликови беа поефикасни од сето насилство, технолошки иновации во обидот да привлечат гледаност. Да се разбереме сите тие се присутни, но не се доминантни. Да, Итан виси од крилото на воениот авион, да тој е без кислород во вртлог, да тој е во луда потера со мотори низ Казабланка, но погледнете ја сцената во операта во Виена. „Турандот“ на Пучини е на сцената а зад неа е „битката на доброто против злото“. Долга, но тензична и слоевита и маестрално снимена сцена од Меквери која едноставно ќе ве воодушеви со креативноста и едноставноста.



Хуморот повторно е присутен во ликот на Бенџи Дан (Сајмон Пег), но овој пат тој добил поголема  инволвираност во самата мисија, на сметка на Брандт и Лутор. Не се жалиме. Сајмон Пег а апсолутно генијален и тука само го потврдува тоа. Но, ако веќе се жалиме, поплаките ќе бидат упатени за слабиот и речиси индиферентен негативец, Соломон Лејн кој едноставно не е MI материјал, а и неговата агенда не е најдобро објаснета.

Сепак, и покрај очигледните недостатоци кои во Rogue Nation може да се игнорираат за да се ужива во филмот, тој е всушност најквалитетниот од сите снимени до сега во изминатите 19 години. „Бебето“ на Том сега прераснува во сериозен и стабилен „човек“... Нели?

С. Лазаревска

Mission Impossible- Rogue Nation може да го погледнете во Cineplexx кино салите:

 

работни денови: 15:00, 16:15, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:40

викенд: 13:40, 15:00, 16:15, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:40

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...