Винона Рајдер беше дел од два од најдобрите филмови во историјата додека уште беше во средно школо. На 17-години соработуваше со Тим Бартон на Beetlejuice, но и глумеше покрај Кристијан Слејтер во култната црка комедија Heathers.
До 19 таа имаше статус на „култна девојка“ од Холивуд, згоден и славен вереник (Џони Деп), а до 23 години и 2 номинации за Оскар. Таа ја помина целата декада на 90-те години од 20-от век соработувајќи со дел од најдобрите актери како Даниел Деј Луис, Сузан Сарандон, Кристијан Бејл, Итан Хоук, Шер... но и дел од најдобрите режисер во Холивуд.
Од Тим Бартон, Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Жан Пјер Жене, Бен Стилер, Џејмс Манголд до Вуди Ален. Полуларноста и згасна со доаѓањето на новиот Милениум но и со скадалот повразн со кражбата во стоковната куќа за која таа доби условна казна.
По скандалот, таа се повлече долго време од јавноста, а кариерата и беше составена од микс од квалитетни но, и не толку забележливи филмови.
Но, и во подоцнежната кариера таа успеа да го исполира нејзиното C.V. со соработката со режисерите како Ендру Никол, Ричард Линклатер, Џеј Џеј Абрамс, Дарен Аронофски и повторно со Тим Бартон.
Моментално Винона е актуелна на „малите екрани“ со мини-серијата Show Me a Hero, креирана од Дејвид Сајмон и Вилијам Зорзи, а режирана од оскаровецот Пол Хагис.
Винона за следната година го најави продолжението на култниот Bertlejuice, но и новата серија Montauk. Сепак, додека ги очекуваме да се потсетиме на дел од најдобрите проекти на Винона во досегашната кариера.
Beetlejuice- 1988
Heathers- 1988
Great Balls of Fire!- 1989
Edward Scissorhands- 1990
Mermaids- 1990
Dracula- 1992
The Age of Innocence- 1993
Reality Bites- 1994
Little Women- 1994
The Crucible- 1996
Girl, Interrupted-1999
S1m0ne- 2002
A Scanner Darkly- 2006
The Last Word- 2008
The Private Lives of Pippa Lee- 2009
Star Trek- 2009
Black Swan- 2010
The Iceman- 2012
Show Me a Hero- 2015