Ретроспектива на Манчевски во Бразил

Во Бразил почна ретроспективата на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ќе бидат прикажани како дел од едукативната и културна програма Human Rights Cinedebate на бразилскиот Федерален Универзитет на Рио Гранде до Сул.

Ретроспективата почна со проекцијата на „Пред дождот“ на 26 август, а следуваат на 23 септемрви „Прашина“, на 21 октомври „Сенки“ и на 25 ноември „Мајки“.

Федералниот Универзитет на Рио Гранде до Сул е еден од најголемите федерални универзитети во Бразил, лоциран во Порто Алегре, а со единици во многу други градови. Универзитетот се вбројува меѓу најдобрите во Бразил, со најголема бројка на научни публикации и е признат во целиот свет.



Филмовите на Манчевски се особено популарни во Бразил. По победата во Сао Пауло на најголемиот бразилски и јужноамерикански фестивал, „Пред дождот“ беше и кино-филм на годината во Бразил и предмет на бројни академски трудови. И „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ беа прикажани во Сао Пауло, а имаа и многу успешна кино и ТВ дистрибуција во Бразил. До денес тие се дел од наставата на бразилските филмски школи и универзитетски програми и се прикажуваат во разни кинотечни и други програми.

Филмовите на Манчевски се предаваат на стотици универзитети во светот, а во Италија „Пред дождот“ е дел од задолжитечната наставна програма во средните училишта. Неговите филмови се обработуваат во бројни есеи, книги и филмски енциклопедии, прикажани се на повеќе од 200 фестивали, во повеќе од 50 држави на сите континенти во редовна кино-дистрибуција и на ТВ програмата.



„Пред дождот“, кој е најтрофеен македонски филм, е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на Њујорк тајмс и има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав, Номинација за Оскар, ФИПРЕСЦИ, Давид ди Донатело, Сребрен кондор, награда на УНЕСКО... Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон... 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...