ДАЛИ ГО ПОГЛЕДНАВТЕ THE MARTIAN?

Вратете го „Марсовецот“ дома!


Наслов:
The Martian

Режија:
Ридли Скот

Сценарио:
Дру Годард

Улоги:
Мет Дејмон, Џеф Даниелс, Џесика Частејн, Кејт Мара, Себастијан Стен, Доналд Гловер, Чиветел Еџијофор...

Времетраење: 140 мин.



Марс. НАСА со Ares III човечката експедиција предводена од Мелиса Луис (Џесика Частејн) се наоѓа на „црвената планета“. Но по бурата која ќе ги снајде астронаутите, ботаничарот Марк Вотни (Мет Дејмон) ќе остане во базата на Марс. Напуштен на осамената планета и под претпоставка дека е мртов, тој ќе мора не само да најде начин да преживее, туку и да исконтактира со Земјата за да може безбедно да се врати назад. Тоа нема да биде воопшто лесно, како што кажа и самиот Вотни:

-I’m gonna have to science the shit out of this.



The Martian не губи време со преминување на главното, а богами нема ниту јас да го правам. Буквално, акцијата на The Martian, заплетот на самиот филм доаѓа по само 5 минути од почетокот на филмот, и тоа е фантастично. Тоа што следи во наредните 135 минути е тестирање на човековата надеж, издржливост и стамина низ призмата на науката. На место каде што искрено ги има во ограничени количини. The Martian е можеби еден од најдобрите СФ трилери на годината, кој повторно ја врати почитта и вербата на фановите на Ридли Скот. Ветеранот е на позната територија со овој жанр, но за разлика од претходните дела, сега ни прикажал филм кој визуелно ги спојува СФ елементите од блиската иднина со реален тон во опкружувањето и сет дизајнот. А искрено ни прикажа и филм кој е полесен во атмосферата од претходниците.



Благодарение на одличното сценарио од Дру Годард, Скот солидно се справил со речиси секој аспект од науката. Ботаниката, астрофизиката па дури и најобичното создавање на H20 на планета во која до пред само некое време мислевме дека ја нема. Фасцинантно колку многу Годард има вметнато хумор во ликот на Вотни (Дејмон). Неортодоксен потег за филм од овој жанр, но добредојден, бидејќи исходот од тоа е фантастичен. Но, ако подобро размислиме, тој (хуморот) е креиран како еден вид на одбранбен механизам за самиот астронаут.

Да не западне во депресија. Да не се откаже, бидејќи е сам, на пустата планета, без многу храна и вода. Кога сме кај науката, Скот и Годард на практичен начин ни ја пренеле „разводенета“ и објаснета примарно од самиот Вотни и неговото „кршење на 4-от ѕид“. Наречете го еден вид на нарација, секое обраќање на Вотни во видео дневникот на Марс или во камерите низ живеалиштето, е индиректно обраќање кон нас. Специјално адаптирано за да можеме дополнително да го разбереме дејствието, а и секој нареден чекор на ликовите. Што само докажува дека Ридли Скот најдобро функционира зад камерата, ако има добра основа со која може да работи. Фантастично сценарио и одлична актерка екипа.



Мет Дејмон е апсолутно брилијантен како Марк Вотни. Природен, самоуверен со одличен перформанс за кој од сега може да се надева на номинација за Оскар, но ако би можело да се бара несовршенството во овој инаку одличен филм е што има премногу одлични актери од калибарот на Дејмон, а малку место оставено за нив. Премалку време посветено на ликовите кои им се дадени. Еџијофор е подеднакво брилијантен како Винсент Капур, директорот на мисијата. Џеф Даниелс (директно излезен од Newsroom) е солиден како Теди Сендерс, директорот на НАСА. Частејн, Пења подеднакво солидни, но Доналд Гловер и неговиот лик се друга приказна. Рич Пурнел (Гловер) е круцијален лик во враќањето на Вотни, но самиот лик (а и актерот) и покрај одличното претставување, за жал подоцна се оттурнати и заборавени. Гловер го гледаме во вкупно 4-5 сцени, од кои само 2-3 имаат реплики, што е разочарувачко.

 

Додадете го на сево ова генијалните специјални ефекти, маестралниот ретро саунтрак со траки од ABBA, Дејвид Боуви, Дона Самер и добивате фантастичен СФ трилер кој е возбудлив, интелегентен и забавен од првата до последната минута. The Martian е многу повеќе од предвидување за иднината на вселенската експлорација, потенцијалната колонизација на Марс, прогресот на науката. Филмот е повеќе и од модерна верзија на Робизон Крусо. Тој е приказна за што еден човек ќе направи за да преживее во најоскудните услови за живот. Па дури и да се врати од Марс.

С. Лазаревска

The Martian можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

Проекции (3D):

четврток: 17:15, 20:00, 20:15, 22:40
работни денови: 17:15, 20:00, 22:40
викенд: 14:20, 17:15, 20:00, 22:40

Проекции (2D):

работни денови: 15:45, 18:40, 21:20
викенд: 13:00, 15:45, 18:40, 21:20



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...