Три дена во септември

Наслов:
Три дена во септември

Режија:
Дарјан Пејовски

Сценарио:
Игор Иванов Изи и Дарјан Пејовски

Улоги:
Камка Тоциновски, Ирена Ристиќ, Адем Карага...


„Три дена во септември“ го отвори 14-то издание на Синедејс, фестивалот на европски филм во Скопје. Тоа е деби филм во кариерата на режисерот Дарјан Пејовски, но изненадувачки еден од подобрите филмови на фестивалот, туку и во македонската кинематографија воопшто.



Камка Тоциновски  во „Три дена во септември“ е Марика. Проститутка од Скопје која ќе убие „клиент“ уште во воведната сцена. Претепана и повредена таа ќе се качи на воз за родниот Штип за да биде со мајка си. Во купето ќе ја запознае Јана (Ирена Ристиќ).

Тивка и резервирана жена која патува до семејната викендица. Кога таа ќе пристигне, Марика ќе почне да ја следи и ќе ја замоли да преноќи во викендицата, но нештата ќе се променат кога таму ќе намине и полицаецот Генц (Аден Карага) кој воедно е и познаник на Јана од детството. Марика очигледно не е единствената со тајни кои сака да ги сокрие, но минатото ќе се врати за да ја прогонува и Јана дури по бегството во викендицата.



Три дена во септември во сржта е драма која при крајот на 90-те минути ја прави глатка транзицијата од драма во трилер. Преку самите ликови и дијалогот од нив, се разбира. Да, Пејовски можел заплетот да ни го прекаже со флеш бек сцени, или пак со нарација на пример, но одбрал да го стори тоа преку дијалогот на ликовите. Наговестувањето на судбината на вистинската Јана ни е прво кратко соопштено не само од ликот портретиран од Ристиќ туку и од споредните, кои ги гледаме само во сцена или две (за пример ќе ја земам легендата Милица Стојановска).

Крајот на Три дена во септември може да се смета и за одмазничка „поетска правда“ донесена со децении задоцнување. Но, нели велат, кога тогаш казната ќе те стигне? Тоа е и случајот со деби филмот на Пејовски.

Одлуката филмот да се смести во изолирани минималистички локации е примарно донесена претпоставувам од финансиска причина, но во процесот тоа послужило и да се задржи привидната поврзаност на овие странци. Бидејќи да бидеме искрени тоа и се, a конекцијата меѓу двата женски ликови иако започна инстантно (во првите 5-10 минути), таа продолжи со резервираност и тајност во остатокот. Минимализмот ќе го видите и во костимографијата на двете главни актерки, а и во самата шминка. Но, забележите еден детал во самиот екстериер. Театралноста на ставањето на црвените наочари на лицето на Јана. Дури можете да пронајдете и симболика во самиот чин. Толку тривијален, а толку значаен за самиот лик. Тие (наочарите) ги доживеав и како еден вид на штит. Еден вид на емоционална заштита при разговорите со лицата. И колку и да е прогресивен во естетиката, во духот на самиот филм можете да ги забележите и дел од балканските моменти кои добро ги знаеме. На пример сцената во која Јана пристигнува во туристичкото место и прашува дали има леб во продавницата.



-Не! Се потроши. Ќе ти чувам за утре, и вели продавачот (Салетин Билал). Секој кој летувал во мали туристички места, знае да го очекува тој одговор, си помислив.

Ристиќ и Тоциновски се навистина одлични во улогите, а и солидно ги доловуваат двете состојби на скршеност. Ристиќ емоционалната, а Тоциновски физичката, но заедно функционираат и имаат чудна хемија пред камерата. Пејовски кој очигледно преферира steady cam таа ни ја прикажал и во затворениот сет, но и на отворено. А со стабилната камера и одличната кинематографија и визуелната прогресијата на нивното зближување.

Три дена во септември има мани, да секако. Премалку ни се претставени историите на двата главни женски ликови. Главниот негативец во приказната има пре-кратко присуство да остави впечаток, а и неговите намери ни се пребрзо претставени на самиот крај. Но, и покрај мааните, ова е солидно деби од Пејовски во играните филмови. Вреди да се погледне.

С. Лазаревска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...