ИНСПИРАЦИЈАТА ЗА МОБИ ДИК

„Теророт“ од срцето на морето



Режија:

Рон Хауард

Сценарио:
Чарлс Леавит

Улоги:
Крис Хемсворт, Силијан Марфи, Бенџамин Вокер, Том Холанд, Брендан Глисон, Бен Вишау...

Времетраење: 121 мин.

Година на издавање:
2015-та





Крис Хемсворт и Рон Хауард за прв пат соработуваа на филмското платно во 2012-та година. Двајцата ни го претставија Rush, биографскиот филм за ривалството на Џејмс Хант и Ники Лауда на Ф1 патеките, но сега се префрлија зад едрото.



Вториот заеднички филм, In The Hart Of The Sea започнува во 1850-та година со посетата од младиот Херман Мелвил (Бен Вишау) на таверната на Томас Никерсон (Брендан Глисон). Како последен жив (преживеан) од екипажот на бродот Essex, Мелвил сака од Никерсон да ја добие приказната за трагичната експедиција 30 години претходно, а сега инспирација на следната книга. Никерсон во 1820-та година (Том Холанд) бил само 14-годишно момче на бродот. За капетан бил назначен Џорџ Полард Џуниор (Бенџамин Вокер), а како прв помошник Овен Чејс (Крис Хемсворт). Првиот има педигре, а вториот искуство и тоа ќе биде извор на фрикција меѓу нив на палубата.  По пристигнувањето во Пацификот, тие ќе бидат предупредени за безмилосен бел кит во водите. Заканата од китот нема да ја сфатат сериозно, но поради штетата што подоцна ќе им ја нанесе ќе бидат приморани да преживеат многу нехумани мигови.



Рон Хауард од секогаш знаел да ја прикаже грандиозната и визуелната убавина на планетава. Видена од земјата (во Far and Away), од Вселената (Apollo 13) и сега и од океаните (In The Heart Of The Sea). Најновото дело на Оскаровецот е во најголемиот дел, гледливо 120 минутно дело, а не возбудлива авантура низ непознатото. Со доминантно машка актерска екипа пред камерата, Хауард и сценаристот Леавит зад неа се потрудиле да ни го претстават филмот како еден вид на новела поделена на поглавја и делови. Но, всушност и покрај грандиозните сцени на отворено (сцените цо екстериер доминираат тука), визуелниот приказ во филмот го спасува најмногу фантастичната кинематографија од Ентони Мод Ментле.

CGI употребата во филмот изгледа премногу вештачка, а за жал тие сцени не ја носат ниту тензијата, ниту возбудата, но тоа не го прави ниту сценариото искрено. Нарацијата во спорадичните сцени ја пренесува возрасниот Никерсон, додека пак првата третина во филмот сценаристот Леавит како тема го понудил и анимозитет меѓу двајцата главни претпоставени на бродот. Чејс ја има почитта од остатокот од екипажот, а Полард ја има командата, но тензијата меѓу двајцата е набрзо напуштена како под-тема.

Евидентна била самата заложба на Хемсворт во улогата на Чејс да го донесе тој изгладнет изглед, налик на костур по месеците поминати во чамецот или на пустиот остров, но таму завршува позитивата. Капетанот Полард од друга страна не само што е „табула раса“ при формулирањето на ликот, а и актерот Бенџамин Вокер во истиот е неимпресивен во глумата.



Од тие што импресионираат, Том Холанд е апсолутно маестрален како младиот Никерсон, а одличен е и Глисон како возрасната верзија на истиот лик.

-Дали ме осудуваш? Ќе го праша Нилексон, младиот писател кога ќе дојдат до темата за тоа што морале да направат за да преживеат.

-Не, ќе одговори тој со искреност и шок, запишувајќи ја сторијата на хартијата пред него.

А младиот Холанд? Само погледнете ги сцените кога ќе биде спуштен во самиот шуплината на китот за да го собере целото масло од џиновското суштество. Холанд и уште еднаш докажува дека за толку млад актер тој е можеби највозбудливиот талент моментално во Холивуд. Аплауз може да се упати и кон Силијан Марфи во улогата на Метју Џој, вториот помошник на Essex, но како и на останатите, така на неговиот лик му е даден премалку простор.

И токму тоа е поентата. Од целата актерска екипа, има малку ликови кои ќе ви останат во сеќавање, а истото може да се каже и за „ѕверот“ од „срцето на морето“. Китот ако го сметаме и како еден посебен лик. Од големиот бел кит кој ќе го уништи самиот брод и ќе ги донесе на работ на смртта гледаме премалку за да ја сфатиме неговата грандиозност и закана. In The Heart Of The Sea не е  премногу возбудлива сторија за човекот против ѕверот. Тоа е „празна“ сторија на човекот против човекот.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...