The Revenant – победник на Златните Глобуси

The Revenant, најновиот филм на режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту со 3 статуетки Златен глобус е победникот на синоќешната церемонија која се одржа во Беверли Хилтон хотелот.



Леонардо ди Каприо, актерот кој ја толкува главната улога во The Revenant освои награда во категоријата најдобар актер во драмска улога, самиот филм ја освои наградата за најдобар драма филм, а режисерот Ињариту си ја однесе дома статуетката за најдобра режија.



Во спротивната категорија, најдобар филм кој е мјузикл или комедија, The Martian триумфираше и покрај контроверзиите околу ставањето на самиот филм во категоријата (бидејќи не е ниту мјузикл ниту комедија). Мет Дејмон пак ја освои наградата за најдобар актер во мјузикл или комедија токму за The Martian.

Бри Ларсон победи во категоријата најдобра актерка за улога во драма филм, за филмот Room, додека пак Џенифер Лоренс ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија, за нејзината улога во Joy.



Наградите за споредни актери отидоа во рацете на Силвестер Сталоне за Creed и Кејт Винслент за Steve Jobs, додека пак филм со најдобро сценарио беше прогласен токму Steve Jobs, биографскиот филм на режисерот Дени Бојл.



Номинациите за наградите Оскар пак, ќе бидат објавени во четврток, а самата Оскаровска церемонија ќе се одржи на 28-ми февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...