Шокантниот дневник на една тинејџерка



Наслов:
The Diary of a Teenage Girl

Режија/сценарио: Мариели Хелер

Улоги:
Бел Поули, Александар Скарсгард, Кристен Виг, Кристофер Мелони...

Жанр: драма/комедија

Времетраење: 102 мин.

Година на издавање:
2015

I had sex today. Holly Shit! Со насмевка на лицето, 15-годишната Мини Гец (Бел Поули) ни кажува уште во воведната сцена на The Diary of a Teenage Girl. Не, не станува за „soft porn“ приказна. Деби филмот на Мариели Хелер (кој воедно е адаптација на графичката новела од Фиби Глекнер), е всушност, еден од најдобрите филмови кои можете да ги најдете во морето на оскаровски дела и „popcorn“ блокбастери.



Средношколката Мини во 1976-та година живее во Сан Франциско со нејзината нарцисоидна, ексцентричен боем, квази-феминистка мајка Шарлот (Кристен Виг) и помладата сестра  Гретел (Аби Вејт). Чест гостин во станот е Монро, момчето на мајка и (Александар Скарсгард). Мини е типична, збунета тинејџерка. Полна со збудалени хормони во себе, но на тенката граница кога таа е ниту дете, а ниту возрасна. Уште на почетокот Мини ќе започне сексуална врска со Монро. Најголемиот дел од сексуалните авантури ќе ги документира на аудио касетофон, но ќе ги сподели и со другарката Кими (Мадлин Вотерс). Тоа што ќе го открие од времето поминато со Монро ќе биде вистинска лекција за преминот во светот на возрасните каде нештата се конфузни и не дефинирани.



Бел Поули е откровението на Хелер во улогата на Мини. Британската актерка која не само што има 23 години (а не 15) е совршениот избор за оваа улога. Со неконвенционална убавина, но многу талент во себе, таа прекрасно ни ја доловува речиси секоја тинејџерка на планетава. Несигурна во врска со надворешниот изглед и за тоа како е перцепирана од спротивниот пол. Во филмот не помага фактот што живее во пост „hippie-free love“ ерата, што има мајка која постојано инсистира таа да се облекува во провокативна облека и што нема татковска фигура во животот. Но, покрај одличните перформанси од триото актери Поули, Кристен Виг и Александар Скарсгард, мило ми е што Хелер избегала од неколку клише замки кои често ги гледаме во филмовите од овој тип.

За почеток ни претставила нарација во прво лице од самата Мини. Настаните ни се прикажани низ очите на самата тинејџерка и таа е дури објективна во прикажувањето на истите. Барем колку што може да биде. Уште на почетокот не известува дека не се смета за посебно атрактивна девојка, но и дека не е збунета за нејзината сексуална врска со Монро. Да, тие се и двајцата манипулативни, но додека 35-годишниот Монро е навистина загрижен за малолетниот статус, таа всушност знае што сака да добие од авантурата. Авантура. Забележете дека и самите секс сцени не се доминантниот дел во филмот. Тие се кратки и спорадични, но екстремно реално претставени, што е за поздравување.



И мило ми е што Хилер била реалистична за прикажувањето на двата централни ликови. Поточно за нивните карактери. Таа не е „Лолита“, а тој не е предатор кој е на мисија да заведува малолетнички. Мини не е херојот, а Монро не е негативецот, да се разбереме. Ако подобро ја анализираме Мини, ќе најдеме многу сличности на нејзиниот лик со тој на Миа во подеднакво одличниот Fish Tank. Филмот на Андреа Арнолд од 2009-та година ни прикажа слична тема, но Мини е поискрена и реална во себе откривањето. Многу важен збор кој најдобро го опиштува тоа што го гледаме од нејзиниот лик The Diary of a Teenage Girl - себе откривање.



Бидејќи тука можеме да ја видиме Мини во сцена како гола стои пред огледало и се анализира себе си. Не ментално. Физички. Градите, телото. Дали е дебела? Се што ја преокупира една 15-годишна девојка која е во два различни света. Забележете ја и сцената кога таа со пријателката Кими скокаат на креветот, врескаат и играат на Down On The Street од The Stooges. Само во претходната сцена таа учествуваше во караница со Монро, а сега по неколку моменти, таа е малечко девојче кое скока на креветот во детската соба.

Кристен Виг како Шарлот, мајката на Мини е маестрална и само уште еднаш докажува дека може да одигра се. Буквално се. Дури и комплексни ликови како тој на Шарлот. Кристофер Мелони, од друга страна како Паскал екс очувот на Мини е солиден додаток но, со премало присуство пред камерата за да се почуствува.



Режисерката ја искористира пасијата на Мини, цртањето и вметнала анимација при водењето на сторијата, но таа служи и за дообјаснување на самите ликови. Тоа што не успева да го каже преку сценариото, го искажала преку прекрасните цртежи околу самите ликови. Визуелно предизвикувачки но, прекрасен избор на „алат“ во обликувањето на филмот.

Да, постојат и подобри филмови од The Diary of a Teenage Girl. Да, филмот има маани и на моменти губи темпо, а особено и правец на водење на ликот на Мини. Но, не верувам дека ќе најдете пореален, искрен лик од тој на Мини, но и филм од The Diary of a Teenage Girl.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...