Конечно: Првиот трејлер за Златна петорка

Оваа година, македонската публика ќе добие можност да го погледне најновиот игран филм на режисерот Горан Тренчовски, Златна петорка, но сега е објавен и првиот трејлер.



Златна петорка е посветен на убиството на петте струмички студенти. Интимна драма сместена во стегите на екс режимот. Според најавите на режисерот Тренчовски не е ниту историски, ниту биографски, туку фикција на една започната љубов, пријателство...



Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац (Ламариниќ), Јана Стојановска / Љупка Џундева (Ката), Игор Ангелов / Петар Арсовски (Џиџи), Васил Михаил / Ненад Милосављевиќ (Алавантие), Билјана Таневски (Загариева), Дине Дрваров (Кољо), Стојан Велков(Монах); петте студенти ги играа Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров и Виктор Јакимовски.



Филмот „Златна петорка” е во продукција на „Револушн” – Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград. Главен помагател и партнер на филмската продукција беше Општина Струмица, која меѓу другото, пружи помош со повеќе ресурси и институции кои се во надлежност на локалната самоуправа, со давање дозволи за снимање, со асистенција и логистика на теренот.



Сценариото за овој македонски филм е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, а една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава”.

Премиерата во Струмица е закажана за 13-ти август, но не е позната датата за прикажување во Скопје и остатокот од Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...