Тилда Свинтон оваа година беше дел од одличната актерска екипа на Hail, Caesar!, комедијата на браќата Коен, но оскаровката веќе подготви нов проект со колегата од Hail, Caesar!- Рејф Фајнс.
Двајцата повторно ќе бидат на филмското платно, овој пат во A Bigger Splash еротскиот трилер на режисерот Лука Џијадуџино. Тилда во A Bigger Splash ќе биде Маријан Лејн, рокерка ветеран која ќе отиде на одмор со многу помладото момче Пол (Матијас Шоернец) на југот на Италија.
Но, таму ќе пристигнат екс љубовникот Хери (Рејф Фајнс) и неговата ќерка Пенелопи (Дакота Џонсон) и престојот во идиличниот остров во Медитеранот ќе стане замрсен за сите.
A Bigger Splash веќе беше номиниран за наградата Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, а премиерата во САД е закажана за 13-ти мај оваа година.
Погледнете го најновиот трејлер за A Bigger Splash.