Triple 9: Да се надмудри чудовиштето

Наслов:
Triple 9

Режија:
Џон Хилкоут

Сценарио:
Мет Кук

Улоги:
Кејси Афлек, Кејт Винслент, Чиветел Еџијофор, Вуди Харлисон, Ентони Меки, Арон Пол, Норман Ридус...

Времетраење: 115 мин.

Година на издавање:
2016-та


Triple 9, самиот наслов на филмот е всушност код кој го користи полицијата во САД. Означува ситуација кога полицаец е повреден на линија на должност.



Triple 9 пак, започнува со грабеж на банка во Атланта. Мајкл Атвуд (Еџијофор), Маркус Белмонт (Меки), Франко Родригез (Колинс), Гејб Велч (Арон Пол) и Расел Велч (Норман Ридус) се платеници најмени од руско/еврејскиот мафиозо Ирина Власилов (Винслент) да ја украдат содржината во сефот од банката. Не, тие не бараат пари во сефот, туку нешто повредно за неа. Првите тројца се корумпирани полицајци, а самиот Мајкл е всушност зет на Ирина. Но, таа не само што нема да им плати за задачата, ќе ги уцени да направат уште една „последна“ кражба.

Таа инволвира провала во зградата на Homeland Security, а како диверзија, за самата операција да биде поуспешна ќе го искористат Triple 9 кодот. Ќе убијат полицаец (наивниот Крис Ален) и кога целиот полициски одред ќе биде фокусиран на него, ќе им се даде повеќе простор и слобода да ги извршат грабежот. Сепак, нема сè да оди како подмачкано.



Воведната 10-минутна сцена со грабежот на банката и последователната потера е најдобриот момент во целиот филм. Во неа ќе најдете траги од Heat на Мајкл Мен, а низ целиот филм, има видливи траги од Training Day па дури и од The Departed на Скорсезе во водењето на визуелниот дел од сторијата. Хилкоут доминантно ја држел камерата во гро план на актерите, а во најголемиот дел од дејствието тој и кинематографот Николас Каракатанис ни прикажале сцени снимени во затворен сет, сцени со придушено светло или пак снимени ноќе со многу малку светлина. Но, колку и на филмот да му недостасуваат елементи да биде одличен, не смее да се негира дека Хилкоут успеал дури и со неразвиеното сценариото да ја одржи тензијата, непријателската и брутална атмосфера која како да е можеби единственото нешто што го држи филмот на површина. Tаа е речиси во секоја секунда. Може да ја исечете тензијата со нож  во секоја сцена, а надополнета со подеднакво тензичната електронска музика од Атикус Рос, атмосферата во Triple 9 е пулсирачка дури и низ навидум „мирните“ моменти.

Сценариото од Мет Кук е најслабата алка во Triple 9. Би можело да му се прости на почетникот Кук за крими делото со наративна нишка која го губи темпото (особено во последната третина) и мотивацијата да се развива, но тоа може и да се каже за ликовите. Да, секако да бидеме фер и уште на почетокот да кажеме дека се премногу на број за да може Кук на секој посебно да се посвети. Тоа е мал дел од фактот кој застанува во негова одбрана, бидејќи ова е неговиот прв филм како сценарист. Но, кога во истите тие улоги имаш актерски ансамбл како тој во Triple 9, мора да можеш и подобро. Кејт Винслент е фантастична како мафиозо босот Ирина Власилов. Навистина чуден избор на актерка за оваа улога, но мора да се даде аплауз на Оскаровката за ризикот, но и напорот да ни ја долови Ирина. Акцентот и безмилосноста на самиот лик се маестрално прикажани од неа. Аплауз треба да се даде и за експанзијата надвор од комфорната зона во изборот на улоги на Оскаровката.



Кејси Афлек го дава можеби еден од најдобрите перформанси во кариерата како наивниот идеалист Крис Ален, а фанстастични се Ентони Меки, Чиветел Еџијофор и Вуди Харлисон. Норман Ридус, Гал Гадот и Мајкл К. Вилијамс за жал се прекратко пред камерата за да може да се почувствува нивното присуство во филмот, но секој на свој начин се труди да остане во вашето сеќавање. Дел од нив запаѓаат во клише (Арон Пол е плукнат Џеси Пинкман од Breaking Bad), но барем се трудат.

Реалната бруталност на крими светот во САД и обидот да ни се прикаже судбината на морално амбивалентните ликови преку еден вид на поетска правда, за жал не го доловува целосниот ефект на филмот. Не испраќа ниту предупредување, а нема ниту потенцијална мрежа на заплети меѓу ликовите до самиот крај.

Холкоут прикажува предвидлив филм, кој само на површината сака да испрати морална приказна за борбата на доброто против злото во денешното општество. Дури и кога таа линија е екстремно тенка.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...