Ако човекот не го убие Бог... ѓаволот ќе го стори тоа?

Наслов:
Batman v Superman: Dawn of Justice

Режија:
Зек Снајдер

Сценарио:
Крис Терио и Дејвид Гојер

Улоги:
Хенри Кавил, Бен Афлек, Џеси Ејсенберг, Ејми Адамс, Гал Гадот...

Времетраење:
150 минути

Година на издавање:
2016-та

По пауза од три години, режисерот Зек Снајдер повторно се врати со нов проект од DC „универзумот“. По Men Of Steel, оваа година  ни го претстави Batman v Superman: Dawn of Justice.



18 месеци по настаните од Men Of Steel, Супермен е личност со поделено мислење во јавноста. Голем дел од Метрополис го смета за херој, но по невините жртви од пред 18 месеци, а и неодамнешниот инцидент во Африка, тој е и „трн“ во окото на преостанатите. Особено на сенаторката Џун Финч (Холи Хантер) која организира владини сослушувања за неговите постапки. Но, кога Лекс Лутор (Џеси Ејсенберг) ќе дојде до криптонот од Зод, а и до телото на самиот Зод (Мајкл Шенон),  ќе ги искористи двата „адути“ да направи многу пострашно оружје. „Франкенштајнскиот“ монструм кој за момент ќе ги обедини непријателите Бетмен (Бен Афлек) и Супермен (Хенри Кавил) во борбата да го уништат. Помош ќе добијат и од амазонскиот воин Дајана Принц (Гал Гадот), но дали ќе биде доволна? 



За сите лоши коментари кои Бен Афлек ги доби од кастингот во улогата на Брус Вејн (меѓу кои дојдоа и од мене) длабоко се извинувам. Не верував дека некогаш ќе го кажам ова, но Афлек прикажал навистина посветеност во улогата на „темниот витез“. Физички и психолошки. Ова е филм во кој самиот актер и ликот кој го портретира се најмалите проблеми, но искрено, го заврши својот дел од работата како професионалец. Кавил од друга страна како Кларк Кент/Супермен е видливо посамоуверен и повеќе „удобен“ во улогата, но повторно не доволно за да може да го спаси мамутското конфузно, бездушно и пренатрупано дело наречено Batman v Superman: Dawn of Justice.



Филмот на Снајдер пати од комплекс на мегаломанија и едноставно е задушен од многуте дејствија кои ниту половина не ја допираат темата, а ниту симболиката на „богот“ против човекот. Некохерентноста во водењето на дејствието прави филмот да трпи и во моралните прашања кои сака филмот да ги постави преку двајцата главни ликови. Дали Супермен навистина е закана за човештвото или тој е спасот? И дали Бетмен со фактот што си зема за слобода да ги „жигоса“ негативците како да компензира во сопствениот комплекс во поглед на „непријателот“. Кој е тој да каже „кадија те тужи- кадија ти суди“ и кој е тој да биде и двете нешта во случајов?

Последните 30-на минути од Batman v Superman: Dawn of Justice се буквален напад на сите сетила. Навистина посакував на излегување од кино-салата да делеа аспирини за публиката. Но, морам да признаам, дека таму конечно го имаме и појавувањето на Wonder Woman, и искрено ликот е една од ретките светли точки во овој филм.

Вкупното присуство на Дајана/Wonder Woman пред камерата е само 7 минути, но фантастичната Гал Гадот прави да ги запаметите добро, особено во финална битка со чудовиштето. Да во најголемиот дел ја гледаме како парадира во скапи тоалети, но кога е потребна воинката, таа не разочарува. Зебележете и како Ханс Зимер во соработка со Junkie XL направиле секоја сцена во која е Wonder Woman; да биде пратена од фантастичниот саундтрак полн со тапани и гитари. Еден вид на музички фанфари, како што доликува на воин од нејзиниот калибар.



Ако некој разочарува во овој филм, тоа е Џеси Ејсенберг во улогата на Лекс Лутор. Невротичниот карактер кој сега е припишан за Лекс совршено одговара за самиот актер кој го портретира, но таму завршуваат „комплиментите“ ако смеам така да се изразам.

Лекс сега е сведен на неподносливо, невротично, богато детиште кое сака да убие „бог“, наместо да биде лукавиот и застрашувачки макијавелистички негативец на кој навикнавме. Џереми Ајронс дури и во минорната улога на батлерот Алфред е апсолутно фантастичен, Холи Хантер е недоволно искористена за актерка со талент како нејзиниот, а Ејми Адамс дури и по временски зголемена улога, повторно е бескорисна како Лоис Лејн.

На Снајдер очигледно не му се познати термините како суптилност, елеганција и визуелна писменост. Како и во случајот на Брет Ратнер (X-Men- Last Stand), не е поентата да се даде франшизата во било чии раце...Треба тие раце да знаат да ја негуваат.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...