ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Теророт во барањето на нов подобар свет

Наслов:
Warcraft

Режија:
Данкан Џонс

Сценарио: Данкан Џонс и Чарлс Леавит

Улоги:
Тревис Фимел, Тоби Џонс, Доминик Купер, Бен Шнецер, Бен Фостер, Пола Патон....

Жанр:
фантазија

Времетраење: 123 мин.

Година на издавање:
2016-та

Данкан Џонс по дебито од 2009-та година за Moon и одличниот следбеник Source Code се врати повторно зад камерата за третиот филм како режисер. Warcraft е името на 3-то остварување на еден од најталентираните режисери на неговата генерација, а за него, Данкан не само што доби многу поголем кастинг избор, туку и поголем буџет.



Драенор, светот на Орките полека умира и моќниот Гулдан (Дануел Ву)  успева со помош на Фел (вид на специјална моќ) да создаде портал за Орките да можат да преминат во Аерот, мирниот свет на луѓето. Таму е и кралството Стормвинд, водено од праведниот крал Лејн (Доминик Купер). Кога Лејн и витезот Аудин Лотар (Тревис Фимел) ќе дознаат за заканата од Орките, ќе сакаат да се одбранат, но изненадувањето ќе дојде преку Гарона (Пола Патон) заробената половината орка-половината човек. Таа ќе го поврзе Лејн со Дуротан (Тоби Кимел), лидерот на еден од клановите Орки кој не верува во намерите на Гулдан и сака да го порази. Помошта пак Дуротан ќе ја побара токму во луѓето.



Warcraft пати од комплекс на мегаломанија и коинцидентно тој комплекс предизвикува хаос кај гледачот, кој дури ниту солидната режија на Џонс не може да го поправи. Најголемите непријатели на филмов се сценаристите (да меѓу нив е и самиот Џонс) и навистина тие на крајот на краиштата се и најголемите непријатели на оваа не инспирирана и досадна адаптација на играта. И да, најнапред да објаснам дека како автор, ќе му пристапам на текстов од филмски аспект, а не како познавач на играта од која е адаптиран. За разлика од на пример одличниот Dawn Of The Planet Of The Apes (во кој повторно глумеше Тоби Кибел), сега во Warcraft нема квалитетен приказ на спротивните светови, култури и интеракцијата кај двата различни светови.



Ликовите во луѓето и тие кај Орките, се криминално неразвиени и запоставени, бидејќи преголем акцент е ставен на визуелната перцепција на двата света, а не толку на нивниот развој, интеракција или пак дејствието. Тоа што ни е презентирано во Warcraft не може да се нарече развој, бидејќи и таму има доста конфузија за локациите, за мотивите, а и за постапките на многуте ликови. Пред секоја нова локација, нас ние е напишано името но тоа не вреди ништо бидејќи има премногу од нив и Данкан заедно со Левит едноставно ни направиле забрзана турнеја низ нив. Двајцата за момент успеале да внесат и под-теми како врската меѓу татковците и синовите (Дуротан и неговото бебе, како и Аудин со неговиот син тинејџер Калан), но неуспехот да ги направат емоционалните сцени уверливи се должи и на немоќта да направат ликовите да се поврзат со ниту еден од ликовите. Без разлика дали е тоа во моментите на љубов (потенцијалната врска на Аудар и Гарона) а или пак загуба (Аудар и неговиот син).



Глумата е екстремно лоша и на двете полиња. Без разлика дали се тоа актери кои портретирани ликови со CGI техника или не. Да нема забуни, визуелните ефекти во најголемиот дел се солидни, но Бен Фостер, Тревис Фимел, Бен Швецер се апсолутно ужасни во непотребно едноличната и не-емотивна глума. Доминик Купер и Рут Нега колку и да покажуваат надеж, се криминално запоставени и речиси игнорирани, најмногу поради големиот број на преостанати актери, под-теми и сет парчиња кои доминираат во филмот.



Тоби Кибел во улогата на Дуротан е можеби светлиот зрак на надеж во CGI ликовите, и тоа не треба да биде изненадување ако се земе во предвид дека покрај талентот за глума, Кибел поседува и фантастичен талент за градење на CGI ликови. Следната година очекувајте го во улогата на Кинг Конг, но ако подобро размислиме и Пола Патон исто така позитивно изненади за момент, не само Кимел. Гарона (портретирана од Патон) е микс на орка и човек, и актерката го дава максимумот во ликот. Сепак, колку и да е очигледен напорот во перформансот, во нејзиниот имиџ доминира лошата шминка и костими како да е наменет за Comic Con, а не за самата продукција на филмот.



Последните 30 минути се потрошени на непотребно долги сцени со магија, а премалку на сцени со акција. Во тие моменти ќе најдете и премногу насочувања и фокусирање на приказната за планираниот 2 дел. Тоа е навистина тажно, бидејќи тимот зад Warcraft посветил толку многу време на иднината, а премалку на сегашноста во која и публиката треба да го прифати. Во сегашноста Данкан и остатокот од тимот создале медиокритетно дело кое не го заслужува вниманието на филмоманите.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...