Метју е во борба

Метју Меконахи оваа година ќе го видиме во повеќе одлични филмски проекти. Авантурата Gold, анимираниот филм Sing, но и во историската биографска драма The Free State of Jones, чија премиера ја очекуваме оваа недела.



The Free State of Jones, е најновиот филм на Оскаровецот во кој тој портретира вистинска личност на филмското платно. Филм кој одличниот Гери Рос не само што го режираше, туку и го напиша сценариото, но американските медиуми не се сигурни дали ќе му го донесе вториот Оскар на актерот. Како главна причина поради тоа е одлуката да се стави премиерата во средина на летото (кога главна атракција се блокбастерите). Според таа одлука, филмот не покажува потенцијал за награди и затоа постои презумција дека не е премногу квалитетен. Во The Free State of Jones, Оскаровецот ќе биде Њутон Најт, војник кој се борел во битката во Коринт, Мисисипи, во 1863-та година од Конфедерациската војна на САД.



Тој подоцна се противел на позицијата на Југот во војната која ја поделила земјата, па заземал страна против ропството и дезертирал со група на истомисленици. Преминал во противничките редови и подоцна се борел на страната на Северот. Најт се оженил со Рејчел, поранешна жена роб, и помогнал да се создаде првата расно интегрирана заедница во САД кон крајот на 19-тиот век.

Улогата на Рејчел ќе ја толкува Гугу Мбата Роу, а во филмот ќе имаме можност да ги видиме и одличните Кери Расел, Махершала Али и Шон Бриџис.



Премиерата на The Free State of Jones е закажана за 24-ти овој месец, а ова е селекција на повеќе сцени за да видите што може да се очекува од филмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...