Тарзан во џунглата на компјутерски генерирани примати

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х изработи дел од визуелните ефекти на филмот „Легенда за Тарзан“ во соработка со компанија MPC Tehnicolor од Лондон.



Александар Скарсгард е ѕвездата на најновата акција-авантура „Легенда за Тарзан“ во улога на легендарниот карактер според приказната на Едгар Рајс Бароус, во кој дел од магијата се и ФХ3Х. Останатите улоги во филмот ги толкуваат оскаровецот Семјуел Џонсон, Маргот Роби, номинираниот за Оскар Џимон Хунсоу, оскаровецот Јим Бродбент, и двојниот оскаровец Кристоф Валц.



Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на најновиот спектакл за најпознатиот човек од џунглата, во соработка со лондонското студио MPC technicolor. За работата на овој проект, Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент, изјави: „Сметам дека ова е најубавата верзија на Тарзан, ако не ја сметаме анимираната верзија на Дизни која сепак ќе остане на врвот, засега, оваа ни нуди жестока акција и доволно атрактивна драма. Притоа има преубави моменти со животни, лавови, примати, водени бафала, слонови, крокодили и многу други, кои се сите компјутерски генерирани, а изгледаат потполно реално. На овој проект работевме од декември 2014 до март 2016, со екипа од 50 артисти, на помал обем од кадри но со голема комплексност, што уште повеќе ги зголемува очекувањата, останува само да го погледнеме заедно“, изјави Даниловски.



Години откако човекот наречен Тарзан ја напушти џунглата во Африка за аристократскиот живот во Викторијанскиот Лондон како Џон Клејтон, трет висконт на Грејсток, со љубената жена Џејн покрај себе. Сега е поканет да се врати во Конго и да работи како трговски емисар на Парламентот, незнаејќи дека е пион во смртоносна унија на алчност и освета, зад која стои белгиецот леон Ром (Валц). Но оние кои се зад убиствениот план не знаат што ќе отпочнат.

Филмот е во режија на Дејвид Јејтс според сценарио на Адам Козад и Крег Бруер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...