Јас пред ти

Наслов:
Me Before You

Режија:
Теа Шерок

Сценарио:
Џоџо Мојс

Улоги:
Емилија Кларк, Сем Клејфлин, Стив Пикок, Џенет Мектир, Чарлс Дејнс...

Времетраење: 110 мин.

Година на издавање:
2016-та



Фановите на Емилија Кларк веќе имаа можност неодамна да ја погледнат во 6-та сезона на Game Of Thrones, но оваа година англиската актерка се „пресели“ и на големото платно со најновиот проект, Me Before You.



Адаптација на истоимената новела на Џоџо Мојс (која го напиша и сценариото од сопствената книга) во која Емилија е Луиса „Лу“ Кларк. Млада девојка од мало заспано градче во Англија која ќе остане без работата во локалната пекара. Очајна за да го издржува семејството, таа ќе прифати да биде „негувателка“ на богатиот екс банкар Вил Трејнор (Сем Клејфлин). Две години претходно по несреќа тој останал парализиран од вратот надоле и му е потребна постојана нега. Лу ќе биде најмена од мајката Камила Трејнор (Џенет Мектир) да биде „негувателка“ и покрај недостатокот на искуство во професијата. Таа ќе и објасни дека би сакала нејзиниот син да оформи врска со неа како пријателка, а не како „платена професионална работничка“. Покрај контрастите во карактерите и очигледните социјални статуси, Вил и Лу ќе успеа да се зближат, но подоцна Лу ќе дознае зошто всушност е најмена.



И покрај најдобрите намери на Мојс и дебитантката зад камерата Теа Шерок да не го направат Me Before You мелодрама која инаку би можеле да ја погледнете од адаптација на Николас Спаркс новела, за жал тоа и го добивате. Рекламиран како романтична драма, Me Before You има премалку од романсата која фановите ја очекуваа. Тоа е затоа што под целата фасада на љубовната приказна која треба да се оформува, преовладува под-темата на еутаназијата за која инсистира Вил. Голем дел од дејствието е посветено на таа сензитивна и депресивна тема, иако моралните импликации повразни со истата се лесно третирани (како за мелодрама). Но, ние како гледачи не оформуваме емпатија кон самиот лик, а ниту сценаристката се потрудила да се развие дискусија кај нас за еутаназијата. Без разлика дали се согласуваме со неа или не, филмот требаше да побуди гнев, револт, тага, емпатаија... било какви емоции.



Искрено тоа е затоа што сите чувства, мисли и расудувања за големите теми на Вил ни се пренесени од другите ликови наместо од самиот Вил. За депресијата, за емоционалната и здравствената состојба дознаваме од родителите, од Нејтан (Стив Пикок). Па дури и за неговото минато, за тоа каков човек бил пред несреќата од неговиот лаптоп. Филмот сака да го направи сетоа тоа глатко и безболно, а самиот Клејфлин речиси и да не успева тоа да го пренесе во перформансот ако го нема во сценариото.  Клејфлин и Кларк имаат одлична хемија во Me Before You, но на двајцата ликови не им е дадена длабочина и можност заедно да се развиваат.



Ако барате ликови па и филм со „длабочина“ на темата еутаназија, можеби е подобро да се навратите на La Mar Adentro, а филм со речиси слична тематика ќе најдете и во Dying Young на Џоел Шумахер. Таму дури има и клише монтажи на образување и читање за состојбата на машкиот лик, какви што ни се прикажани и во Me Before You. Емилија Кларк го направила нејзиниот лик ведар и позитивен, на моменти на тенката граница на неподнослив, но стабилен и квалитетен перформанс ќе најдете во актерите во споредните улоги кои тука се криминално запоставени. Најмногу поради тоа што филмот е најмногу инвестиран во главните 2 ликови, но тоа не е по нивна вина. За тоа е „виновна“ сценаристката.



Стив Пикок како медицинската сестра Нејтан е навистина одличен, а апсолутно маестрални се ветераните Џенет Мектир и Чарлс Дејнс како родителите на Вил. Но, нивниот придонес останува незабележителен во овој инаку минлив и површен филм. Навистина штета. Со многу потенцијал да остави печат, да пронајде нови светови и да допре до нова публика со темите, тоа го прави толку малку.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...