Даниел Редклиф по завршувањето на Harry Potter филмската франшиза изгради фантастична кариера во Холивуд, а годинава покрај необичната улога во Swiss Army Man ќе го видиме и во филм инспириран од вистински настани.
Името на проектот е Imperium, а во него Даниел ќе биде Нејт Фостер. Млад и надежен агент на ФБИ кој ќе биде регрутиран за да се инфилтрира во ултра левичарска нео нацистичка терористичка група. Тој треба да се асимилира во групата и да спречи терористички напад, но мисијата ќе биде потешка отколку што претпоставуваше.
Во Imperium на режисерот Даниел Регусис ќе се појават и Тони Колети, Трејси Лејтс, Нестор Карбонел и Крис Саливан.
Премиерата на Imperium можеме да ја очекуваме 19-ти август, а ова е првиот официјален трејлер.