ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Тарзан и Џејн „се изгубија“ во џунглата

Наслов:
The Legend Of Tarzan

Режија:
Дејвид Јејтс

Сценарио:
Адам Козад и Крег Бруер

Улоги: Александар Скарсгард, Марго Роби, Кристоф Валц, Самуел Л. Џексон, Џајмон Хунсоу...

Времетраење: 110 мин.

Година на издавање:
2016-та


Публиката се запозна со ликот на Тарзан најпрво во публикацијата на книгата Tarzan of the Apes од Едгар Рајс Бурос објавена во 1914-та година, а набрзо  потоа Холивуд го претвори и во филмски лик. Од немата ера на Холивуд па до ден денешен, Тарзан безброј пати беше претставуван на филмското платно. Холивуд тоа го направи и ова лето. Ни го претстави The Legend of Tarzan.



The Legend of Tarzan започнува во Англија каде што Тарзан (Александар Скарсгард) сега под името „Лорд Грејстроук“ живее со сопругата Џејн (Марго Роби). Тој ќе добие покана од Кралот Леополд II на Белгија да дојде во Конго и да даде извештај за напредокот на земјата (тогаш белгиско/англиска колонија). Американскиот дипломат Џорџ Вилијамс (Самуел Л. Џексон) ќе го замоли Тарзан да дојде со него за да направи свое истражување и извештај, каде ќе открие дека „поканата“ од кралот е всушност замка од Леон Ром (Кристоф Валц). Безмилосен белгиски капетан кој има договор со поглаварот Мбонга (Џајмон Хунсоу) да го донесе Тарзан во замена за рудникот полн со дијаманти. Мбонга го контролира рудникот, а Леон Ром сака да го превземе.



The Legend Of Tarzan е премногу спор и неинвестиран во приказната за да биде авантура, а со премалку акција за да се нарече акциона авантура. Не може да се негира дека поседува екстремно талентирана актерска екипа, но или дел од таа екипа не дава ниту процент од потенцијалот, или пак им е посветено премалку време пред камерата да можат да дојдат до израз. Скарсгард во насловната улога иако е можеби одбран за погрешната улога, се труди да го претстави Тарзан во најдобро светло. Тој и сценаристите се фокусирале тоа да го направат повеќе визуелно, а не толку преку сценариото (искрено тој нема премногу реплики) или пак преку карактерот,  но трудот на Швеѓанецот е очигледен. Сценаристите дури се обиделе наспроти целиот CGI екстериер, скокањето од јажињата и трчањето да му дадат доза на реализам на ликот. Секако и со одлуката да биде  победен од противникот, а и физички во „скршена“ состојба во неколку сцени се моменти кои речиси и да не ги забележувате.

Кристоф Валц како Леон Ром и Самуел Л. Џексон како Џорџ Вилијамс се одлични како и секогаш, но колку и да се фантастични, не може да се оттргне чувството дека перформансите од актерите се речиси идентични на перформансите и во претходните нивни проекти. Како забелешка, Ром можеби контрадикторно на „темнината“ на неговиот карактер го гледаме низ целиот филм во костими од бел лен. Практична одлука ако се земе фактот дека дејствието се случува во топлата Африка, но и мудар потег да му се даде надворешна „чистина“ на толку одвратен лик. Марго Роби внесува доза на ентузијазам и ведрина во улогата на Џејн, а и покрај обидот да има пофеминистичка улога, со поголема цврстина, за жал останува „дамата“ во невоља која Тарзан ќе треба да ја спаси во најголемиот дел од филмот. Џајмон Хунсоу е маестрален како поглаварот Мбонга, но во 3-те сцени кои му се понудени,  едноставно не добива можност да го развие ликот.



Често низ прогресијата на дејствието гледаме и хронолошки флеш бек сцени од детството на Тарзан во џунглата. Од почетоците додека бил бебе, па се до смртта на мајката мајмун која го одгледала во џунглата. Тие сцени иако треба да побудат емоции кај нас, па дури и носталгија за самиот лик, многу малку тоа го прават. Најмногу поради немањето конекција во најголемиот дел од сторијата. Мал дел од нив имаат со одмаздата на Мбонга но, не и со животот на Тарзан како возрасен човек.



Исто така како под теми во дејствието ќе ги најдете колонијалните освојувања, трговијата и експлоатацијата со робови, грабежот на природните ресурси во Конго од колонизаторите, но повторно тие теми се најпрво начнати, па напуштени. Па, заатоа последната третина од The Legend Of Tarzan, филмот се претвора во мисија за „спасување“ на киднапираната Џејн.  Во визуелниот дел од The Legend Of Tarzan, не може, а да не се забележи употребата на CGI техника, која е евидентна при сите контакти на ликовите со „животните“. Во екстериерот на опкружувањето CGI техниката се забележува но, не изгледа премногу вештачки, што не може да се каже во сцените со интеракцијата на актерите со CGI ликовите, т.е. CGI животните.



The Legend Of Tarzan е непотребен, но добредојден филм на толку експлоатирана франшиза. Со малку повеќе имагинација и креативен инпут во сржта наспроти стилот на сторијата, филмот ќе беше возбудливо парче филмска уметност, во кое ќе најдевте повеќе авантура, отколку апатија.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...