Стивен Содерберг ќе снима филм за „Панамските документи“

Американскиот филмски режисер, продуцент и сценарист, Стивен Содерберг ќе снима филм посветен на аферата „Панамски документи“, која разоткри голем број политичари, славни личности и криминалци, кои користеле офшор компании за перење и прикривање пари.


Сценариото за филмот ќе биде изработено врз основа на книгата „Secrecy World“ на добитникот на Пулицеровата награда, Џек Бернштајн.

Бернштај беше еден од новинарите на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари кои ја открија аферата и најави дека во неговата книга ќе обелодени и досега непознати детали.

„Панамските документи“ содржат 11,5 милиони документи на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ од Панама, во кои се споменуваат и имињата на 12 актуелни и поранешни светски лидери, 128 политичари, милијардери, славни личности и спортски ѕвезди.

Содерберг во 2000 година доби Оскар за режија на филмот „Шверц“, а во 1989 година Златна палма за филмот „Секс, лаги и видеоленти“.

Славниот режисер ги потпиша и хитовите „Ерин Броковиц“, како и „Единаестмината на Оушн“ и две негови продолженија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...