Во јануари и февруари наредната година во Дубровник ќе се снима филмот Robin Hood: Origins, во продукција на Леонардо ди Каприо. Според најавите, Дубровник ќе биде кулиса за Нотингем, а во тој град на Јадранот би требало да стигнат и неколку оскаровци, меѓу кој и Џејми Фокс, кој ќе ја игра улогата Литл Џон.
Бидејќи Лео овој пат е продуцент, главната улога ќе му припадне на Тарон Егертон, додека улогата на Марион ќе ја игра Ив Хевсон. Како режисер на филмот се потпишува Ото Батурст.
Вредноста на филмот се уште не е позната, но се проценува дека ќе достигне до 10 милиони евра.