Дури три филма во топ 5-те на викенд бокс офис листата во С. Америка беа новитети, но не успеаја да го симнат Suicide Squad од врвот.
Блокбастерот на Дејвед Ајер, Suicide Squad остана на врвот на бокс офисот во С. Америка трета недела по ред, а изминатиот викенд тој заработи додатни 20 милиони долари.
Заработката на глобално ниво на Suicide Squad веќе ја надмина бројката од 500 милиони долари и покрај многуте лоши критики кои ги доби филмот од филмските критичари. На втората позиција остана анимираната комедија Sausage Party што пак мораше да се задоволи само со 15 милиони долари додатна заработка, а на 3-та позиција се најде новитетот War Dogs.
Филмот во режија на Тод Филипс е работен според вистински настани и е негово враќање во кино салите со филмски проект, по последниот дел од Hangover трилогијата.
War Dogs заработи само 14 милиони долари по првиот викенд на прикажување.
1. Suicide Squad $20,710,000
2. Sausage Party $15,325,000
3. War Dogs $14,300,000
4. Kubo and the Two Strings $12,610,000
5. Ben-Hur $11,350,000
6. Pete’s Dragon $11,331,000
7. Bad Moms $8,068,000
8. Jason Bourne $7,980,000
9. The Secret Life of Pets $5,770,000
10. Florence Foster Jenkins $4,300,000