FIFTY SHADES DARKER

Секоја бајка има своја темна страна

Еротскиот набој расте, маските паѓаат...Дали духовите од минатото ќе успеат да ја разнишаат искрената љубов што се раѓа меѓу Кристијан Греј и Анастасија Стил?

Љубителите на познатата трилогија со нетрпение го очекуваат 9-ти февруари кога се очекува светската премиера на Fifty Shades Darker. Патиштата на Кристијан и Ана повторно се вкрстуваат, зачинети еротски садо- мазо сцени и интриги.

Режисерката Сем Тејлор - Џонсон, која работеше на првиот дел од франшизата, одби да го режира продолжението, па на нејзино место застана Џејмс Фоли. Токму затоа се очекува Darker да го надмине успехот на првиот дел, а воедно и поуспешно да ни ја долови необичната љубовна приказна.

Додека ја очекуваме премиерата, во прилог следат неколку интересни податоци за продолжението.

Кружи гласина дека поради големите критики насочени кон изгледот на Кристијан Греј во првиот дел од франшизата, овој пат ќе го видиме во малку погруба варијанта. 

Актерот Џејми Дорнан во една прилика изјави дека кога е целосно избричен се чувствува помалку чудно, па на ова снимање го немаше тој проблем.

Оние кои ги прочитале 3-те делови од книгата со нетрпение го очекуваат појавувањето на Елена Линколн, жената која го внела Греј во светот на садо-мазо сексот. Кој подобро би се вклопил во улогата од Ким Бесиннџер?

Актерката која стана секс симбол со улогата во култниот „Девет и пол недели“, несомнено е идеалната домина за едно вакво еротско сценарио. Таа е неговата екс љубовница, а воедно и бизнис партнер. Зарем тоа не е доволно?!

Папараците летово ги уловија Дорнан и Дакота на снимањето во плажите во Франција.

Минималистичкото жолто бикини на Џонсон веднаш заврши на насловните страни на светските таблоиди, а она што предизвика уште поголемо внимание е фактот што додека ги снимаа сочните сцени беше присутна и сопругата на Дорнан.

Трејлерот за Fifty Shades Darker постави рекорд за најгледан трејлер во 24 часа со тоа го помести од врвот Star Wars: The Force Awakens.

Се верува дека Дорнан добил бонус од 1, 5 милиони долари за да сними сцена во која е потполно гол. Дали е точно? За да го потврдиме тоа ќе треба да ја почекаме премиерата и самите да се увериме.

Одбројувањето до 9-ти февруари може да започне!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...