Драма на Оскарите: Оскарот по грешка заврши кај „La La Land“

Каков крај на 89-то доделување на Оскарите!

Замислете дека сте добиле Оскар за најдобар филм и одеднаш ви велат дека сето тоа е...Грешка!

Екипата на „La La Land“ остана во шок на сцената, откако дознаа дека Оскарот за најдобар филм, не им припаднал на нив, туку на „Moonlight“.

Ворен Бити, кој заедно со Феј Данавеј ја имаше честа да ја додели оваа награда, се обиде да објасни дека направил ненамерна грешка, но тоа не го намали шокот што настана во театарот. Ова несомнено беше момент што никогаш претходно не се случил на Оскарите, па сите се прашуваа дали станува збор за шега или навистина се случила грешка. „La La Land“ беше на добар пат да влезе во филмската историја со 7 Оскари, но за малку не го освои најважниот. Филмот доминираше во категориите како режија, музика и најдобра женска улога.

Оскарот за најдобра машка улога заврши во рацете на Кејси Афлек, додека наградите за споредни улоги ги добија Вајола Дејвис и Махершали Али.

Домаќинот на овогодинешните Оскари, Џими Кимел, ја искористи манифестација да го провоцира Доналд Трамп, па дури и се обиде да предизвика реакција на Twitter.

-Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп...Се сеќавате како минатата година Оскарите изгледаа дека се расистички? Тоа повеќе нема да биде проблем, благодарение на него, се пошегува Кимел.

Тој и се обрати на „преценетата“ Мерил Стрип велејќи дека по 20 номинации за Оскар, Академијата веќе започнала да ја номинира за награди и покрај тоа што воопшто не снимила филм оваа година.

Кимел не му остана должен и на својот долгогодишен „непријател“ Мет Дејмон.

-Кога прв пат го запознав Мет Дејмон, јас бев дебелиот. Тој е себична личност, но ете направи нешто несебично. Можеше да глуми во Manchester by the Sea, но му ја даде улогата на Кејси.

По скандалот со грешно дадениот Оскар, водителот рече дека Академијата веќе никогаш нема да му дозволи да ја води престижната манифестација.

Никол Кидман и Рајан Гослинг беа главнаTwitter тема за време на доделувањето. Никол поради нејзиното чудно ракоплескање со рацете, поради кое ја нарекоа фока, а Гослинг поради својата придружба.

Наместо да дојде со Ева Мендез, тој се појави со бујна русокоса. Но, не стануваше збор за друга жена, туку за неговата сестра.

Џастин Тимберлејк ја прекина оскаровската традиција на здодевни музички настапи, па се претстави во свој стил изведувајќи ја “Can’t Stop the Feeling”. На Тимберлејк му појде од рака да ја крене публиката на нозе и да ја натера да танцува.

Шоуто изобилуваше со низа интересни и смешни моменти, меѓу кои и посебно подготвениот дел од злобни твитови, во кој познатите требаа да читаат лоши нешта кои на Twitter биле напишани за нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...