7 интересни нешта кои што не сте ги знаеле за „Пиратите од Карибите“

Многу филмови се обиделе да го претстават лудиот свет на пиратите со нивните авантури, но малку успеале тоа да го направат добро како серијалот „Пиратите од Карибите“.

Многу специфични живописни ликови, со сега веќе легендарниот капетан Џек Спероу, создадоа цел еден свет во кој фантастиката и митологијата се испреплетуваат со најобичните аспекти од човечкиот живот.

Овој серијал, кој со текот на времето се разви во вистински поп-културен феномен, моментално има четири успешни филмови, додека петтиот е во подготовка и во киносалите низ светот ќе пристигне во мај годинава.

За да можеме да се подготвиме и да го освежиме помнењето на досегашните настани во карипскиот свет на пиратите и храбро да се свртиме кон авантурата во петтото продолжение, Pickbox на едно место ги собра четирите продолженија на „Пиратите од Карибите“.

Истите можете ексклузивно да ги погледнете преку MaxTV на Македонски Телеком, во видеотеката преку Мени > Видеотека > Pickbox.

Додека со нетрпение ја очекуваме премиерата во мај, ви откриваме седум интересни нешта за „Пиратите“ што не им се познати на многумина љубители на овој серијал.

7. Атракциите во „Дизниленд“ се збогатени со елементи од филмовите

Како што е веќе познато, „Пиратите од Карибите“ најпрво заживеаја како атракција во „Дизниленд“. Иако многу сцени и настани во филмовите беа базирани на елементите од атракциите што се наоѓаат во забавниот парк, всушност, влијанието е двострано. Исто како што атракциите во „Дизниленд“ обликувале определени елементи од филмот така и обратно, некои елементи од филмовите ја преобликувале и ја збогатиле самата атракција. Па, посетителите без проблем ќе наидат на забавниот Џек Спероу, кој е додаден во Дизни атракциите дури во 2006 година.

6.Премиерата е одржана во „Дизниленд“

Со оглед на тоа што „Дизниленд“ послужил како инспирација за филмот и како извор на приказните за „Пиратите“, не е за чудење што премиерата е одржана во забавниот парк. Тоа, воедно, бил и првиот филм што ја имал својата премиера во „Дизниленд“. Потоа, во забавниот парк премиери имале и филмовите „Tomorrowland“ и „The Lone Ranger“. Тоа бил спектакуларен настан, а големиот екран бил поставен на островот на Том Соер.

5. Проектот за екранизација на „Пиратите“ почна да се развива во 1993 година

Сценаристите Тед Елиот и Тери Розио почнаа да ги осмислуваат „Пиратите“ уште на почетокот на деведесеттите. По долгиот процес на размислување, сценаристите одлучиле да се фокусираат на приказната за проколнатото богатство и духовите. Токму тој паранормален елемент одиграл важна улога во овој серијал затоа што тоа е она што ги прави „Пиратите“ специфични и различни од другите филмови кои се занимаваат со слична тематика. Сценаристите со работа почнаа уште во далечната 1993 година, што значи, цели 10 години пред излегувањето на првиот филм „Проклетството на Црниот бисер“

4. Актерите и филмската екипа ги собраа сите златници по снимањето

Иако беше проколнато, сепак беше злато. По завршувањето на снимањето на првиот филм, актерската и филмската екипа излегоа од сетот со полни џебови. Имено, според зборовите на режисерот Гор Вербински, по снимањето, ниту еден проколнат златник не останал на своето место. Актерите, продуцентите, снимателите, тонците и преостанатата екипа собрале сѐ. Секако, по некој златник отишол и кај Џони Деп.

3. Режисерот Гор Вербински како дете се плашел од „Пиратите од Карибите

Иако речиси цела деценија работел на серијалот, режисерот Гор Вербински порано не ги сакал пиратите. Атракцијата на „Дизниленд“ особено го плашела кога бил мал. Интересно е што во режисерската работа во склопот на филмовите се обидувал да го реконструира токму тоа чувство на страв, но и начинот на којшто атракцијата успевала и да го насмее. Со оглед на некои навистина страшни моменти, како и на лудориите и забавните испади на поединечни пирати, може да се каже дека тоа и му тргнало од рака.

2. Очите на костурите всушност се вистинските очи на актерите

Иако повеќето поединечни ликови се обликувани со дигитални техники, во „Проклетството на Црниот бисер“ режисерот Вербински решил пиратите кои се претвораа во костури да ги остави недопрени само во еден сегмент. Сакал нивните очи, всушност, да бидат вистинските очи на актерите. На тој начин се обидел да добие уште еден слој во личноста на костурот за да не бидат целосно дехуманизирани преку компјутерските интервенции.

1.Деп го одглумил ликот на Џек Спероу според Кит Ричардс

Развивајќи го ликот на Џек Спероу, Џони Деп наоколу барал инспирација и ја нашол во водечкиот гитарист на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс. Ричардс му послужил на Деп како модел според кој делумно ќе го обликува капетанот Спероу. Да биде работата уште подобра, во третото продолжение, „На крајот на светот“, се појавува и самиот Кит Ричардс лично и тоа како капетан Едвард Тиг, таткото на Џек!

Средбата помеѓу помладиот и постариот капетан дефинитивно е една од највпечатливите сцени во третото продолжение на овој навистина фантастичен серијал, кој своето петто издание ќе го доживее во мај годинава. Дотогаш има доволно време да се седне пред екранот и повторно да се изгледаат „Проклетството на Црниот бисер“, „Мртовечкиот сандак“, „На крајот на светот“ и „Непознати плими“ кои Pickbox ги собра за сите љубители на серијалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...