Леонардо ди Каприо ќе ја има честа да го глуми Леонардо да Винчи во филм посветен за животот на овој уметник. Според информациите од американските медиуми, помеѓу продуцентските куќи Universal и Paramount се случила вистинска битка за тоа кој ќе ги земе правата за да го снима овој филм, но на крај победила Paramount.
Лео е мошне задоволен со тоа што токму тој ќе го глуми големиот уметник, па може и ќе видиме како тој црта. Како што објасни, всушност тој бил крстен токму на овој голем уметник.
- Татко ми ми има кажано дека тој и мајка ми биле на меден месец во Фиренца. Во моментот кога го гледале уметничкото дело на Да Винчи, јас сум почнал да клоцам во стомакот на мајка ми, па тогаш татко ми решил дека ќе се викам Леонардо, изјавил Лео.