Само три месеци по изјавата дека режисерот Квентин Тарантино пред 16 години ја натерал да глуми во многу опасна сцена, Ума Турман сега вели дека повторно би соработувала со него.
Имено, актерката претходно тврдеше дека каскадерска сцена со автомобили снимена за потребите на „Kill Bill 2“ и предизвикала хронична болка во вратот, затоа што сето тоа било изведено „толку невнимателно, дури на граница на кривично дело“.
- Доколку тој напише нешто одлично, би соработувала со него, изјави Турман минатата недела.
Тарантино, пак, периодов го подготвува својот десетти филм како режисер, под наслов „Си беше еднаш во Холивуд“, со Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби во главните улоги.