Саша Барон Коен се враќа на телевизија со „Who Is America?”

Showtime најави нова хумористична серија на комичарот Саша Барон Коен. Познат по создавањето на цела збирка на култни сцени и забавни ликови, Коен се враќа на телевизиските екрани по пауза од една деценија како сценарист и режисер на серијата „Who is America?“.



Целата мината година работеше на оваа серија со седум епизоди која следи најразлични ликови од светот на политиката и културата, од озогласени до непознати, кои живеат на тлото на таа земја. Оваа информација ја соопшти Дејвид Невинс, претседател и директор на компанијата „Showtime Networks Inc.“

Првата епизода премиерно ќе биде достапна на HBO GO, од недела, 15. јули, а новите епизоди ќе бидат достапни секој понеделни. Премиерата на HBO 3 каналот е најавена за септември годинава.

„Саша е гениј за комедија. Неговата дрскост, храброст и инвентивност ќе ве шокираат.“ – изјави Невинс.

„Тој е водечки провокатор на денешницата, но не само поради моментите од типот ‘те зезнав’. Зад таа сложена слика постои искрена желба да се дојде до вистината за луѓето и политиката. Никој не е во состојба да направи таков хаос како што знае Саша Барон Коен и навистина ќе биде фасцинантно што ќе се случува во серијата „Who is America?“

Актерот, сценарист и комичар, двоен добитник на „BAFTA“ награда, добитник на „Златен глобус“ и номиниран за „Оскар“, влезе во светот на комедијата преку серијата „Али Џи Шоу“. Серијата, во која тој беше продуцент, сценарист и актер и која се емитуваше четири години беше номинирана за шест „Еми“ и две „Bafta“ награди.

Негов следен проект беше „Борат: Проучување на американската култура поради благосостојба на славниот народ на Казахстан“ (Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan), долгометражен филм во кој главната ѕвезда е Борат Сагдиев, казахстански новинар и негово второ алтер его. За тој филм освојува „Златен глобус“ за најдобар актер во комедија или мјузикл, како и номинација за „Оскар“ за најдобро адаптирано сценарио.

Креатор на серијата „Who is America?“ е Саша Барон Коен, а покрај него извршни продуценти се и Ентони Хајнс, Тод Шулман, Ендру Њуман, Ден Мејзер и Адам Лојт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...