Нови сезони на „Играчи“ и „Несигурна“

Две популарни HBO комедии се враќаат на малите екрани во ист ден – на 13. август гледачите ги очекува премиерата на четвртата сезона на серијата „Играчи“ (Ballers) и третата сезона на серијата „Несигурна“ (Insecure). На HBO GO новите епизоди ќе бидат достапни секој понеделник, додека на HBO каналот „Играчи“ ќе се емитува секој понеделник во 21 часот, а „Несигурна“ истиот ден во 21:30 часот.



Спенсер Страсмор (Двејн Џонсон Карпата) и група негови колеги, ривали и професионални фудбалери се враќаат во четвртата сезона на оваа комична серија на HBO, која стана хит копајќи подлабоко во екстравагантниот, гламурозен и богат свет на професионалниот фудбал. Оваа сезона, одбивајќи да направи компромис со принципите преку правењето сојуз со многу богатите браќа Андерсон за префрлање на франшизата во Лас Вегас, Спенсер и неговиот партнер Џо Крутел сакаат да ја прошират својата фирма во бизнисот со менаџирање на клиентите, проценувајќи ја можноста да набават опрема за екстремни спортови од ЛА, под водство на силно автономниот Лен Клијанс.

Рики Џерет гледа да се врати во играта додека го искусува својот нов живот како татко, а Чарлс се соочува со милиони предизвици како генерален менаџер. Вернон продолжува со своето екстравагантно однесување, вознемирувајќи го својот помошник Реџи, а Џејсон се обидува да го спои Спенсер со средношколскиот гениј Квинси Крафорд и со неговата исто така импресивна мајка Џејда.

Освен една од најголемите холивудски ѕвезди, Двејн „Карпата“ Џонсон, во главните улоги ги гледаме и Роб Кордри, Џон Дејвид Вашингтон, Омар Бенсон Милер и Донован В. Картер.

Авторката, писателка и актерка Иса Рае се враќа со третата сезона на познатата комична серија „Несигурна“ која ги следи најдобрите пријателки Иса (Рае) и Моли (Ивоне Орји) во нивната мисија да „добијат сè“, справувајќи се со непријатностите на работа, со романтични испади и со необични моменти.

Започнувајќи по само две недели од крајот на втората сезона, во која Иса и Лоренс ја прифаќаат грешката по нивното раскинување, новите епизоди ја покажуваат Иса како се обидува пак да си го состави животот, работејќи како слободен шофер за да заработи екстра пари, спиејќи на каучот на Даниел – договор кој се покажува како компликуван, имајќи ја предвид нивната историја. Моли, во меѓувреме, започнува нова работа во правна фирма водена од црнец, но открива дека нејзината самодоверба е ставена на тест кога таа не е автоматски посочена како „ѕвезда“; таа исто така се затекува задлабочена во обидот да си го среди својот романтичен живот.

Иса Рае доби две номинации за „Златен глобус“ и три номинации за NACCP наградата за улогата во оваа серија, а списанието „Тајм“ неодамна ја прогласи за една од 100 највлијателни личности за 2018 година. Освен Рае, во главната актерска екипа во серијата ги гледаме и Ивон Орји, Џеј Елис, Лиса Џојс и Наташа Ротвел.

Серијата „Несигурна“ минатата година освои „Пибоди“ награда благодарение на автентичното прикажување на животот на младите Афроамериканци денес. Во тимот на извршни продуценти се Иса Рае, Прентис Пени, Мелина Мацукас, Мајкл Ротенберг, Дејв Беки, Џонатан Бери, Џим Клевервајс и Дејна Лин Норт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...