Познати локации од филмовите и како изгледаат во реалноста

За време на божиќните празници често се емитуваат едни исти филмови, како „Home Alone 1 & 2” и “Die Hard”. Во полно од нив се прикажани некои специфични локации кои сега се препознатливи токму поради овие филмови.

1) Home Alone

Во овој филм, Кевин Мекалистер е 10 годишно момче кое  фамилијата случајно го заборава дома кога одат на одмор во Париз. Неговата куќа од филмот е една од најпрепознатливите филмски куќи на сите времиња, а се наоѓа во Винетка, Илиноис, предградие на Чикаго. Во 2012-та таа била продадена за над 1.5 милиони долари, а од 1990-та кога е сниман филмот е значително реновирана во внатрешноста.

2) Home Alone 2: Lost in New York

Во продолжението на „Сам дома“, Кевин повторно е одвоен од неговата фамилија која патува во Мајами, Флорида, кога по грешка се качува на авион за Њујорк.

Додека го истражува градот, тој изнајмува соба во познатиот Plaza Hotel каде го среќава сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, во чија сопственост тогаш се наоѓал хотелот и бил еден од најпрепознатливите жители на Њујорк.

Овој хотел бил отворен во октомври 1907-ма, а апартман во него може да чини и до $50 000.

3) Love Actually

Може да се каже дека оваа позната романтична комедија со Хју Грант, Лиам Нисон, Ема Томпсон, Кира Најтли и „еден тон“ други актери го започна трендот на филмови со голем број на познати ликови чии навидум неповрзани приказни се испреплетуваат.

Филмот започнува со венчавка во црква, поточно капелата Гросвенор во Лондон. Таа била изградена во 1730-та и во неа се одржуваат регуларни црковни услуги, свадби и концерти.

4) Die Hard

“Die Hard” и официјално е прогласен за божиќен филм од еден од неговите сценаристи, а во него детективот Џон Меклејн (Брус Вилис) се обидува да спречи терористички напад и кражба во зградата наречена Nakatomi Plaza, каде неговата жена се наоѓа на божиќна прослава.

Вистинското име на Nakatomi Plaza е Fox Plaza и се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија. Оваа зграда од 34 ката била комплетирана во 1987-ма, што значи била само една година стара кога била премиерата на филмот.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...