Премиера на новата HBO серија „Еуфорија“

Актерката и пејачка Зендаја ја игра главната улога во новата HBO серија „Еуфорија“ (Euphoria) која премиерно ќе се прикажува на 17. јуни во 21:00 часот на HBO каналот, а истиот ден првата епизода ќе биде достапна и во понудата на HBO GO.

Нови епизоди ќе се емитуваат секој понеделник во истиот термин, а ќе бидат достапни и на HBO GO.

Драмската серија „Еуфорија“ ни дава нов поглед на наративот за созревањето, истражувајќи го тинејџерскиот свет полн со забава. Серијата ни ја прикажува 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), наркоманка која е излезена од лекување и се обидува да открие што да прави со својата иднина. Нејзиниот живот драматично се менува кога го запознава трансвеститот Џулс Вон, кој се преселил во градот по разводот на неговите родители и исто како и Ру, го бара своето место во светот. Во светот на Ру се и нејзините соученици Нејт Џејкобсон, кој ја прикрива својата сексуална несигурност, Меди Перез, повремената девојка на Нејт, Крис Мекеј, фудбалската ѕвезда што има тешкотии во приспособувањето на факултет, Кејси Хауард, чијашто сексуална историја продолжува да ѝ создава проблеми, Лекси Хауард, помладата сестра на Кејси и пријателка од детството на Ру, како и Кет Хернандез, тинејџерка што ја истражува својата сексуалност.

Покрај Зендаја, во серијата настапуваат и Мод Апатоу, Ангус Клауд, Ерик Дејн, Алекса Деми, Џејкоб Елорди, Барби Ферера, Ника Кинг, Сторм Рид, Хантер Шејфер, Алџи Смит и Сидни Свини. 

Серијата е снимена во партнерството со А24, а се базира на истоимената израелска серија која ја креирале Рон Лешем и Дафна Левин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...